ТАЕIX-Екран работилницата за квалитет на воздух

Првата работилница во рамките на програмата ТАЕIX-ЕКРАН за квалитет на воздух се одржа во период од 30.09-02.10.2014 год. во Подгорица, Црна Гора.

На работилницата од Македонскиот информативен центар за животна средина учествуваа Анета Стефановска, м-р Александра Несторовска-Крстеска и Никола Голубов.

Главна тема на работилницата беа барањата на директивата за квалитет на чист воздух во Европа, кои се однесуваат на подготовка на зони и агломерации, компетентни тела, начин на спроведување на оценка и мониторинг како и дефинирање на мерки во планските документи за подобрување на квалитетот на воздухот. Преставниците од земјите од западен балкан го презентираа статусот со имплементација на мерките за квалитет на воздух, начинот на мониторинг и оценка на воздухот и проблемите со поедини загадувачки суспстанци, мерките за подобрување на квалитетот на воздухот во нивните земји.

Воедно посебни сесии беа одржани за новото E-репортирање, начинот на кој се подготвуваат земјите и проблемите со кои ќе се соочат доколку не се воспостават национални информативни системи по дадениот рок. Исто така беа разменети искуствата на земјите во областа на моделирањето на квалитетот на воздухот.

taeix