Во периодот од 28.11.2022 година до 02.12.2022 година, во рамките на проектот „Развој на информативен систем за животна средина EuropeAid/139107/IH/SER/MK, инплементиран од Particip GmbH“, се одржа студиска посета на агенцијата за животна средина во Талин, Естонија.
Цел на студиската посета беше запознавање и размена на искуства од областа за мониторинг на медиумите на животната средина и со информативенсистем за животна средина во Агенцијата за животна средина на Естонија.
Обуките и состаноците беа стручно специјализирани и се однесуваа на:
– Подготовка за национална мониторинг програма за животна средина,
– Подготовка на легислатива и добри практики за циркуларна економија,
– Подготовка на легислатива за води и за управување со водни ресурси,
– Подготовка на субпрограма за за мониторинг на свежи води,
– Добри практики за управување со отпад, отпадни води и подготовка на извештаи за национално и меѓународно ниво,
– Подготовка на индикатори, публикации и мапи поврзани со животната средина.
На студиската посета учествуваа следните претставници од МЖСПП:
– Катерина Николовска – Помошник раководител на МИЦЖС
– Аземине Шакири – Раководител на одделение Катастри и моделирање (МИЦЖС)
– Павле Малков – Советник за емисии во воздух (МИЦЖС)
– Зоран Зориќ – Советник за управување на катастри (МИЦЖС)
– Арминда Рушити – Советник за отпад (МИЦЖС)
– Маргарета Цветковска – Советник за отпад (МИЦЖС)
– Даниела Ристова – Советник за текови на отпад (СО)
– Ивица Тасиќ – советник за емисии во води (МИЦЖС)
– Валентина Диметриевска – Советник за ИТ (МИЦЖС)
– Ана Димишкова – Виш соработник за отпад (МИЦЖС)
– Милена Крстевска – (СЕУ)
На сесиите особено беше претставена улогата и поставеноста на одделите во Агенцијата (Оддел за управување со информацискиот систем, Оддел за обработка и управување со податоци, Оддел за геоинформатика, Оддел за експертска подршка, Оддел за отпад и Сектор за климатски промени). Претставниците на секој од одделите ги презентираа работните обврски, проблеми со кои се соочуваат во текот на работата и можните решенија на проблеми.
Во рамки на студиската посета беше организирана посета на инсталацијата за селекција и примарна обработка на амбалажен отпад, со цел практично запознавање со процесот на обработка на отпадот и размена на искуства и добри практики.
Издвоени аспекти во рамките на сесиите кои беа од особено значење за учесниците на студиската посета:
– Информациски системи достапни во агенцијата,
- главни корисници,
- регистрација,
- собирање и обработка на податоците,
– Главни услуги за поддршка кои ги обезбедува Агенцијата,
– Процес на развој и резултати на годишно ниво,
– Инплементација и презентација на Директивата INPIRE и главни корисници на тематски податоци,
- Добри примери и проекти поврзани со циркуларната економија.
- Информативен систем за известување за отпад.
- Национален регистар за пакување ПАКИС,
- Пресметка на отпад од пакување и рециклирање на отпадот,
– Обработка на податоци и известување поврзани со водите.
- Одржување на станиците,
- Калибрација на опремата,
- Јавен пристап до порталот,
- Подпограма за следење на подземните водни тела,
– Презентирање на останати корисни портали за информациски системи;
- Индикатори,
- Публикации,
- Анализи,
- Приказни карти.