СТУДИСКА ПОСЕТА ВО ФИНСКА ОД 21 – 28 АВГУСТ 2016

Во оваа студиска посета од Македоснскиот информативен центар за животна средина учествуваа:
–    Љупчо Гроздановски
–    Игор Атанасов
Студиската посета организирана како дел од твининг проектот „Понатамошно зајакнување на капацитетите за ефективна имплементација на acquis во областа на квалитетот на воздухот“, кој тековно се одвива во МЖСПП.  Петдневната студиска посета на македонските експерти во Финска се одржа во периодот 21 – 28 август 2016 год. Целта на студиската посета беше размена на добра практика и искуства во управувањето со квалитетот на воздухот со Финска како твининг партнер во проектот.
finska-avgust-2016Во текот на студиската посета учесниците беа запознаени со активностите на Финскиот метеоролошки институт (FMI) со посебен акцент на калибрационата лабораторија за квалитет на воздухот. Учесниците во студиската посета беа вклучени во преглед, поставување и тестирање на новата калибрациона единица TAPI во калибрационата лабораторија.

Во текот на посетата беше изведена практична работа со табеларни пресметки за определување на несигурностите при мерење на концентрациите на цврсти честички-PM10 (референтен и автоматски метод), а воедно беа презентирани можности за организирање на пресметките во рамките на националната лабораторија.

Понатаму беше одржана практична обука на која беше направен преглед и анализа на резултатите добиени од извршените мерења на загадувачките супстанци со автоматската мониторинг станица поставена во Карпош во Скопје. Исто така, беше разгледувана процедурата за начинот на издавање важечки сертификат за калибрација за можните локални потрошувачи во Република Македонија во иднина и беа донесени одредени заклучоци за редовната достава на стандардите за калибрација на мерните инструменти. Исто така беше одржана обука за решавање на техничките проблеми со мерните инструменти за мониторинг на квалитетот на воздух.