Од 19 до 22 Септември 2016 год. во Нови Сад, Србија, се одржа работилница за управување и превенција на создавање на отпадот за Балканските земји во 2016 год., во организација на Европската агенција за животна средина и Европскиот топик центар за отпад, како и Светскиот конгрес на интернационалната асоцијацијата за цврст отпад на која активно учествуваа м-р Маргарета Цветковска и Арминда Рушити, советници во Македонскиот информативен центар за животна средина .
Работилницата беше организирана во чест на долгорочната соработка на Европската агенција за животна средина со земјите од Западен Балкан. На работилницата се зајакна експертизата за отпад во националната ЕИОНЕТ мрежа во регионот на Западен Балкан, се направи проценка на развојот и имплементацијата на легислативата во земјите од Западен Балкан и тоа како во однос на превенција, така и во однос на управување со отпадот. Во таа насока се презентираше Националната рамка на политиките за управување со отпад кои ја следат европската политика и се дадоа добри практични примери во областа на управување со отпадот во Република Македонија. Понатаму се презентираше и застапеноста на превенцијата на создавање на отпадот во националната легислатива.
Се презентираат најновите политики на Европската Унија во однос на превенцијата на различните видови на отпад и се образложија насоките за развој. Се овозможи контрибуција на соодветните процеси на известување до ЕУ и Европската агенција за животна средина.
На Светскиот конгрес на интернационалната асоцијацијата за цврст отпад се прикажаа најсовремените начини на постапување и управување со отпадот во светот, најновите научни достигнувања во истата област, проблемите и недостатоците со кои се соочуваме , како проекции за натамошен развој во истата област.