(28-30.04.2015 год.) Во период 28-30.04.2015 година во Копенгахен Данска, во организација на Европската агенција за животна средина, се одржа техничка работилница за имплементацијата на системот за електронско известување за квалитет на воздух, во согласност со одлуката на Европската Комисијаза взаемна размена на информации и известување за квалитет на амбиентен воздух, IPR Decision 2011/850/EU.
Непосредно пред заедничкиот состанок со земјите членки на ЕУ, се одржа состанок на претставниците на земјите на Западен Балкан (Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Албанија и Турција) со одговорните лица од ЕЕА, со цел да се идентификуваат предизвиците со кои се соочуваат земјите од Западен Балкан во имплементацијата на применливото решение, како и презентација на дел од развојот на нивните национални информациски системи за управување со податоците за воздухот. Од страна на експертите ангажирани од ЕЕА, се направи анализа за можните технички решенија и утврдување на потребите за надминување на евидентираните недостатоци на националните системи – од технички аспект и од аспект на потребите за јакнење на капацитетите во земјите од Западен Балкан. Од состанок со претставниците на земјите од ЕУ, евидентно се забележа дека дека повеќето Европски земји се соочуваат со реални проблеми при имплементација на овој систем. На оваа работилница присуствуваа Анета Стефановска, раководител на одделението за мониторинг на квалитет на воздух и Игор Пауновски, раководител на одделение за информатичка технологија од Македонскиот информативен центар за животна средина.