Oд 27.02.2017 до 03.03.2017 година во Копенхаген, Данска, се одржa редовен работен состанок на Националните координатори за соработка со Еврoпската агенција за животна средина. Учесници од Министерството за животна средина и просторно планирање беа Светлана Ѓорѓева, Национален координатор и Ристо Јордановски, Асистент координатор за соработка со Европската агенција за животна средина.
Согласно дневниот ред, се одржа редовниот состанок на Координаторите од Западен Балкан заедно со претставниците од ЕЕА и беше дискутиран напредокот во годинешните известувања според приоритетниот проток на податоци, планирањето на следниот циклус на ИПА проекти со кои се овозможува јакнењето на капацитетите на земјите од Западен Балкан, соработката со Европските тематски центри, како и соработката во рамки на Интерес Групата за Западен Балкан во рамки на ЕПА мрежата.
Како дел од предвидените пленарни сесии беа опфатени работни активности во однос на ревизијата на регулативата на Европската агенција за животна средина, планирањето и структурирањето на Извештајот за состојбата и перспективата на животната средина во европа – SOER2020, како и работа во групи со цел анализирање на клучните процеси и соработка со претставниците од Европските Тематски Центри.
Како дел од презентациите беше и претставувањето на извештајот – “Sustainability Transitions: Now for the long term”, извештај во кој е вклучен практичен пример од Република Македонија и интервју на претставникот од BeOrg E-Fresh – иницијатива за органско производство и поддршка на производителите и купувачите на органска храна.