Работен состанок на Мрежата на раководители на агенциите за животната средина (EPA Network) и претставниците на Интерес Групата за Западен Балкан

Riga1Од 21.04.2015 до 25.04.2015 во Рига – Латвија, се одржа работен состанок на Мрежата на раководители на агенциите за животната средина (EPA Network) и претставниците на Интерес Групата за Западен Балкан, формирана во рамки на ЕПА мрежата.

На состанокот учествуваа Светлана Ѓорѓева, раководител на сектор – Македонски информативе центар за животна средина, и Ристо Јордановски, Асистент координатор за соработка со Европската агенција за животна средина.

На работната сесија на Интерес Групата за Западен Балкан, Светлана Ѓорѓева одржа презентација со која се овозможи преглед на националниот мониторинг систем и процесите за управување со податоци, како и приоритетниот проток на податоци – Priority Data Flow – во соработка со Европската агенција за животна средина.

Riga2

Како дел од пленарните седници, се одржаа презентации во однос на:

Приоритетите во рамки на Латвиското претседатество со Еропската Унија, работата на Европската мрежа за имплементација и спроведување на законодавството на ЕУ за животната средина, промоцијата на коцептот на Зелена Економија и одржливост во глобални рамки, од страна на претставниците од Директоратот за животна средина на ЕУ и Организацијата за безбедност и соработка во Европа, и други релевантни теми поврзани со седмиот акциски план за животна средина, усвоен од страна на Европската Комисија – 7EAP.