Работен состанок во седиштето на ОН во Женева

emep(09-13.09.2013 год.) Во период од 09-13 септември 2013 година во Женева, во седиштето на Обединетите нации се одржa 37-от состанок на Управното тело на ЕМЕП и 32-от состанок на Работната група за ефекти.

На состаноците од Македонскиот информативен центар за животна средина учествуваше м-р Александра Несторовска-Крстеска. Претставникот ги презентираше корегираните вредности на емисиите на основните загадувачки супстанци за 1990 година и емисионите плафони за 2010 година во однос на барањето на Гетеборшкиот протокол, кој Република Македонија го ратификуваше во 2010 година. Воедно согласно барањата на 51-от состанок на Работната група за стратегии и прегледи беа презентирани и проекциите на основните загадувачки супстанци за 2020 година.

Притоа, Република Македонија беше пофалена з апреземените активности во однос на подобрување на инвентарот  и корекцијата на вредностите од Анекс II од Гетеборшкиот протокол и беше охрабрена вредностите да ги достави до Извршното тело за нивно усвојување, со тоа што претходно ќе направи усогласување на предложената вредност за емисии на сулфур диоксид за 1990 година со предложената врдност од Центарот за интегрирано моделирање ( II ASA).

На состанокот се дискутираше и Акциониот план за 2014-2015 во кој за земјите од  Југоисточна Европа беше предложено да се преземат активности за подобрување на инвентарите и подготовка на проекции за 2020 година и да се изнајде финасискиа поддршка за техничка помош во остварување на наведените активности.

Презентација