Обука за примена на модел COPERT V,

copert-training

 

 

 

 

17 – 18 Октомври, 2016 год, Копенхаген, Данскa

На обуката од Македонскиот информативен центар за животна средина присуствуваше м-р Александра Н.Крстеска. Целта на обуката беше да се презентираат модулите на новата верзија на моделот COPERT V (http://emisia.com/products/copert). Овој модел се користи за подготовка на инвентари и проекции на емисиите на загадувачките супстанци во воздухотод секторот сообраќај. На обуката во текот на првиот ден беше презентирана методологијата на работа на софтверот, типот на податоците кои се внесуваат во моделот како влезни податоци, начинот на приказ на мешаните горива кои се користат во патничкиот сообраќај, како и применетите емисиони фактори. Воедно, беше направена споредба на разликите помеѓу постарата верзија на моделот (COPERT 4) и надградениот COPERT 5 модел. Во текот на вториот ден беше спроведена практична обука за примена на моделот при што беа користени податоци за структурата на возилата во Република Грција. На состанокот се разговараше и за забелешките дадени од корисниците на моделот и нивното инкорпорирање од страна на развивачите на моделот со цел полесна примена на резултатите во изработката на инвентарот на стакленички гасови и инвентарот за загадувачки супстанци во воздухот, кој произлегува од обврските наведени во LRTAP Конвенцијата. Овој софтвер во иднина ќе се применува за пресметка на емисии на основните загадувачки супстанци во воздухот од секторот сообраќај на национално ниво.