Интерлабораториски компаративни мерења на неоргански загадувачки супстанции во амбиентниот воздух

(01-06.09.2013 год.) Во периодот од 01.09.2013 до 06.09.2013 година, во комплексот на лабораторијата на UBA Pilot station во Ланген, Германија, во организација на World Health Organisation (WHO) и European Commission/Joint Research Centre (EC/JRC), се одржаа интерлабораториски компаративни мерења на неоргански загадувачки супстанции во амбиентниот воздух (NO, NO2, CO, O3 и SO2 гасови).

germanija
На оваа работилница се извршија компаративни (споредливи) мерења со калибрациони лаборатории во Европа, за сите еталонски или референтни анализатори (мерни инструменти) кои се наоѓаат во Калибрационата лабораторија за квалитет на амбиентен воздух. Оваа работилница е продолжение на интерлабораториските компаративни мерења и одржување на следливоста на стандардите за калибрација со споредба на резултатите од извршените мерења со останатите лаборатории во Европа. Калибрационата лабораторија во минатото учествуваше и на интерлабораториските компаративни мерења кои се одржаа во Ланген, Германија во 2011 и 2009 година, во Испра, Италија во 2008 година и во Есен, Германија во 2007 година.