ИНФОРМАЦИЈА ДО МЕДИУМИ

Почитувани,

Ве информираме дека на 4 ноември 2019г, (понеделник) министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини ќе се обрати на промоцијата на Третиот преглед на состојбите со животната средина (ПСЖС), која ќе се одржи во хотел Холидеј Ин, со почеток во 10 часот.

Целта на промоцијата е да се информираат сите засегнати страни за идентификуваните потреби за соодветни мерки кои треба да се спроведат во областа животна средина, но и да се воспостави подобра комуникација и афирмација на животната средина кај сите чинители.

Настанот е во организација на Економската комисија за Европа на Обединетите Нации (УНЕЦЕ) во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Ве покануваме со ваши екипи да присуствувате на настанот.

 

КАНЦЕЛАРИЈА ЗА КОМУНИКАЦИЈА