Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува заинтересираната јавност дека инвеститорот Град Скопјесо седиште на бул. “Илинден“ бб во Скопје, ја достави Студијата за оцена на влијанието врз животната средина за изведување на Проектот: “Изградба на пречистителна станица за Град Скопје“и истата е достапна за увид.
Јавнатa расправa по Студијата за оцена на влијание врз животната средина за Проектот: “Изградба на пречистителна станица за Град Скопје“, ке се одржи на 5февруари 2019 година (вторник), во салата за седници на Советот на Град Скопје , барака број 13 со почеток во 10.00 часот.
Контакт лица:
Цветанка Икономова Мартиновска– Раководител на Сектор за заштита на животната средина и природата
бул.Илиндел бб, 1000 Скопје; тел:070359642
е-маил: Cvetanka.Ikonomova@skopje.gov.mk
Министерство за животна средина и просторнио планирање
бул. “Гоце Делчев” бр. 18, 1000 Скопје
Билјана Петкоска – Раководител на Сектор за животна средина
бул. “Гоце Делчев” бр. 18, 1000 Скопје,
тел: 02 3251 410
е-маил: b.petkoska@moepp.gov.mk
Александар Петковски – Помошник раководител на Сектор за животна средина
бул. “Гоце Делчев” бр. 18, 1000 Скопје,
тел: 02 3251 411
е-маил: a.petkovski@moepp.gov.mk