(24.01.2019г.) Министерството за животна средина и просторно планирање во врска со информациите за граничните вредности за ложиштата под 1 MW, ја информира јавноста дека граничните вредности при согорување во ложишта до 1 МW се регулирани со член 12 од Правилникот за граничните вредности за дозволените нивоа на емисии и видови на загадувачки супстанции во отпадните гасови и пареи кои ги емитираат стационарните извори во воздухот (Службен весник 141/2010). Споменатите гранични вредности зависат од типот на горивото кое се користи.
Понатаму, согласно Поглавјето 10 – Надзор и надлежни органи и Поглавјето 12 – Прекршочни санкции од Законот за квалитет на амбиентен воздух, овластените инспектори можат врз основа на утврдени законски или подзаконски повреди при инспекцискиот надзор да изречат глоба, односно да покренат прекршочна постапка до надлежната Комисија за прекршоци при МЖСПП.
Исто така, овластените инспектори при увид треба да утврдат кој тип на гориво се применува, при што треба да се има предвид дека согласно Законот за управување со отпад, строго се забранува неконтролирано горење на опасен отпад. Овластените инспектори можат да покренат прекршочни санкции согласно Член 142 – Прекршочнисанкциизаотстранувачитенаотпади и Член 134б – Права и обврски за отстранување на неправилностите.