ИЗВЕСТУВАЊЕ за изработка на нов Законот за управување со природно и културно наследство во Охридскиот регион

1. Назив на Министерството:

Министерството за култура во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање започна со изработка на нов Законот за управување со природно и културно наследство во Охридскиот регион.

2. Проблем:

Охридскиот регион согласно критериумите содржани во Конвенцијата за заштита на светското културно и природно наследство на Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура, природното и културното наследство, во 1979 е впишан на Списокот (Листата) на светското наследство на УНЕСКО. Првично е впишано како природно добро, а една година подоцна како мешано добро, природно и културно наследство врз основа на критериумите (i), (iii), (iv) и (vii) на Конвенцијата. Покрај меѓународните и националните мерки за заштита, Охридскиот регион и понатаму е под закана поради непланираниот урбан развој, несоодветното управување со отпадните води и отпадот, промените во живеалиштата, уништувањето или осиромашувањето на природните ресурси, рударските активности, развојот на инфраструктура и интензивните туристички активности.

Законот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион донесен во 2010 година, во својата повеќе годишна примена покажа и други формални недостатоци, поради што се утврди потребата од изработка на нов Закон. Со новиот Закон за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион, ќе се создадат формално-правни предуслови, преку интегрирано управување со природното и културното наследство да се спречат активности кои негативно влијаат врз исклучителните универзални вредности на природното и културното наследство во Охридскиот регион, како и да се преземат мерки за негово активно вклучување во животот на заедницата, како фактор на одржливиот развој.

 3. Цел:

Главна цел која треба да се постигне со Законот е:

–       спречување на активности кои негативно влијаат врз исклучителните универзални вредности на природното и културното наследство во Охридскиот регион,

–       пренесување на исклучителните вредности на природното и културното наследство во Охридскиот регион на идните генерации како дел од општото наследство и како цивилизациска вредност,

–       подигнување на јавната свест, одржување и унапредување на состојбата на природното и културното наследство во Охридскиот регион,

–       поттикнување и спроведување на научни истражувања и воспитно-образовни активностии

–       активно вклучување на природното и културното наследство во Охридскиот регион во животот на заедницата како фактор на одржливиот развој.

 4. Временска рамка за изготвување на законот:

–          Декември 2018 година – објава на нацрт верзија на текстот на предлог на Законот и нацрт верзија на извештајот за проценка на влијанието на регулативата на Единствениот Национален електронски регистар на прописи во Република Македонија (www.ener.gov.mk), на веб страната на Министерство за животна средина и просторно планирање и Министерството за култура за доставување на мислења, коментари и забелешки по истиот.

–          Рокот за доставување на мислења и коментари е 50 дена од денот на објавување на веб страната на Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за култура заклучно до 27 јануари 2019 година.

–          Февруари 2018 година – Доставување на текстот на предлог на законот до Владата на Република Македонија.

5. Засегнати страни:

  1. Органи на државна управа, јавни установи и др.институции:

–          Влада на Република Македонија;

–          Министерство за култура;

–          Министерство за животна средина и просторно планирање;

–          Министерството за образование и наука;

–          Министерство за економија;

–          Министерство за транспорт и врски;

–          Министерство за внатрешни работи;

–          Министерство за локална самоуправа;

–          Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство;

–          Министерство за финансии;

–          Министерство за надворешни работи;

–          Агенција за катастар на недвижности;

–          Агенција за просторно планирање;

–          Агенција за подршка и промоција на туризмот;

–          Агенција за лекови и медицински средства/Инспектор за хемикалии;

–          Државен инспекторат за животна средина;

–          Државен комунален инспекторат;

–          Државен инспекторат за шумарство иловство;

–          Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам;

–          Капетанија на пристаништа;

–          Дирекција за заштита и спасување;

–          Центар за управување со кризи;

–          Царинска управа;

–          Државен Архив на Македонија;

–          Биро за регионален развој;

–          Јавна Установа Национален Парк „Галичица“;

–          Јавна научна установа Хидробиолошки институт, Охрид;

–          Управата за заштита на културното наследство;

–          Управа за хидрометеоролошки работи;

–          Управа за животна средина;

–          Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид

–          Билатерален Комитет за заштита на сливот на Охридско езеро;

–          Комисија за управување со културното и природното наследство на Охридскиот регион;

–          Национален конзерваторски центар – Скопје;

–          Национален совет за одржлив развој;

–          Национален совет за заштита на природата;

–          Национален Рамсарски комитет;

–          Национална комисија за УНЕСКО;

–          Националната установа Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид;

–          Национална Установа, Музеј „др Никола Незоблински“ – Струга;

–          Природнонаучен музеј на Македонија;

–          Институт за јавно здравје – Охрид;

–          Институт за историја и уметност и Архeологија на Филозофски факултет – Скопје;

–          Институт за биологија на Природно – математички факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје;

–          Јавно претпријатие за државни патишта;

–          Јавни претпријатија за комунални работи;

–          Јавно претпријатие „Македонски шуми“;

–          ИКОМОС, Македонија.

  1. Единици на локална самоуправа

–          Општина Дебрца;

–          Општина Струга;

–          Општина Охрид;

–          Општина Ресен (дел од Биосферен резерват Охрид – Преспа).

  1. Стопански Комори/бизнис сектор

–          Стопанска Комора на Република Македонија;

–          Сојуз на Стопански комори;

–          Стопанска Комора на Северозападна Македонија;

–          ЕЛЕМ, Електрани на Македонија.

  1. Верски установи – Македонска православна црква.
  2. Невладини организации кои делуваат во полето на заштитата на животната средина.
  3. Невладини организации кои делуваат во полето на заштитата на културното наследство.

6. Начин на вклучување на засегната јавност:

– објавување на www.ener.gov.mk и веб страната на Министерство за култура и Министерство за животна средина и просторно планирање;

– организирање на јавна расправа;

– организирање на посебни состаноци со засегнатите страни.

 7. Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската верзија на предлог измените на законот и нацрт Извештајот за ПВР:

www.ener.gov.mk

www.moepp.gov.mk

www.kultura.gov.mk

8. Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките и сугестиите:

infoeko@moepp.gov.mk

 9. Одговорно лице за контакт во министерството:

Влатко Трпески, Раководител на Сектор за природа, Управа за животна средина, Министерство за животна средина и просторно планирање,

email: V.Trpeski@moepp.gov.mk

Илбер Мирта, Раководител на Сектор за води, Управа за животна средина, Министерство за животна средина и просторно планирање

email: I.Mirta@moepp.gov.mk.

Предлог на закон

Нацрт извештај