Ве информираме дека утре, на 27.11.2018г. (вторник) заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, ќе го отвори семинарот на тема „Главните градови соочени со проблемите поврзани со животната средина“.
Воведни обраќања ќе имаат и градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов и амбасадорот на Франција во Република Македонија, Кристијан Тимоние.
Семинарот го организира Францускиот Институт во Скопје.
Настанот ќе се одржи во просториите на ЕУ Инфо центарот во Скопје, со почеток во 10.00 часот.
Ве молиме со ваши екипи да присуствувате на настанот.