Ве информираме дека утре, на 03.07.2018 г. (вторник) министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки ќе се обрати на настанот по повод официјалното пуштење во употреба на пречистелната станица за третман на урбани отпадни води за Прилеп, која е најголемата пречистителна станица финансирана преку ИПА и една од најголемите во државата.
Настанот ќе започне во 11 часот на локацијата каде е изградена пречистителната станица.
Обраќања ќе имаат и претседателот на Владата на РМ Зоран Заев, евроамбасадорот Самуел Жбогар, министерот за финансии Драган Тевдовски и градоначалниот на Прилеп Илија Јовановски.
Ве покануваме со Ваши екипи да присуствувате на настанот.