Ве информираме дека на 20.06.2018 г. (среда) министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки ќе се обрати на официјалното пуштање во употреба на Пречистителната станица за третман на урбани отпадни води во општина Кичево. На настанот ќе се обратат и претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, евроамбасадорот Самуел Жбогар, министерот за финансии Драган Тевдовски и градоначалникот на општина Кичево, Фатмир Дехари.
Проектот е финансиран со средствата на Европската Унија во износ од над 8,3 милиона EUR и ко-финансирана со 15 % од Буџетот на Република Македонија во рамките на ИПА 1, Компонентата 3 од Оперативна програма за регионален развој 2007 – 2013.
Настанот ќе започне во 12:30 часот на локацијата каде што е изградена пречиститетелната станица (во близина на болницата и градскиот стадион во Кичево).
Ве покануваме со Ваши екипи да присуствувате на настанот.