Ве информираме дека министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки на 02.03.2018г. (петок) ќе одржи работен состанок со градоначалниците од Р. Македонија на тема: ,,Воспоставување на интегрирано регионално Управување со отпад во Република Македонија”.
На состанокот ќе присуствува и Премиерот на Р. Македонија, Зоран Заев.
Почетокот на средбата е закажан за 17:00 часот во кино-салата во Клубот на пратеници.
Ве покануваме со ваши екипи да присуствувате на настанот.