Министерството за животна средина и просторно планирање, Општина Липково и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), ве покануваат на одбележувањето на почетокот на градежните работи за регулација на Липковска Река. Настанот ќе се случи на 21 декември 2017 (четврток) со почеток во 10:00 часот во центарот на Липково.
На настанот обраќање ќе имаат министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки, Постојаниот претставник на УНДП, Луиза Винтон и градоначалникот на Општина Липково, Еркан Арифи.
Преку поддршката на УНДП, овој проект опфаќа продолжување на регулацијата на Липковска Река во должина од околу 400 метри, како мерка за заштита од поплави и уредување на просторот во Липково.