ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА

Проектот “Подобрување на управувањето со заштитените подрачја” има за цел да ја подобри заштитата на природата и да промовира одржливо користење на природните ресурси, а истовремено да ги зголеми капацитетите на локалните самоуправи и граѓански организации за управување и промовирање на заштитените подрачја на професионален и одржлив начин.

Овој проект е финансиран од Европската Унија, преку ИПА 2 – Секторската оперативна програма за животна средина и климатска акција 2014-2020, а се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите Нации во соработка со Министерството за Животна Средина и Просторно Планирање.

Во 2018 година, Проектот ќе финансира до 15 проекти за заштита на природата, кои ќе се спроведуваат од страна на општини, граѓански организации или партнерства во период од 18 месеци.

Граѓанските организации и општините можат да поднесуваат предлог проекти, како носители на проектот и/или како партнери. Националните паркови и другите големи заштитени подрачја ќе бидат вклучени во посебна компоненета.

Висината на грантовите е во рангот на 50.000-100.000 Евра.

Предлог проектите треба да се фокусираат на активности кои промовираат заштита на природата и одржливо користење на природните ресурси, истовремено подобрувајќи ги животните услови за локалните заедници во целните области. Откако ќе бидат избрани, предлог проектите ќе бидат развиени во целосни проекти преку посебно прилагодена програма за обука.

Повеќе насоки за аплицирање, како и критериумите за евалуација, може да се погледнат на веб страните: www.undp.mk или www.moepp.gov.mk.

Краен рок за поднесување на проектни концепти е 16:00 на 29ти Декември 2017, по пошта или лично донесени на адресата:

„Проектните апликации за проектот

Подобрување на состојбата со управувањето на заштитените подрачја

Програма за Развој на Обединетите Нации

Јордан Хаџи-Константинов Џинот 23

1000 Скопје“

За прашања или дополнителни информации, Ве молиме да се обратите на следниот контакт: nature.mk@undp.org

Повеќе информации на http://procurement-notices.undp.org/view_notice.cfm?notice_id=42979