Ве информираме дека министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки ќе се обрати на настанот по повод промовирањето на новиот проект „Намалување на ризикот од поплави во Полошкиот регион“, што ќе се одржи на 27 ноември 2017 г. (понеделник), во хотел Скадрус, Попова Шапка, со почеток во 14 часот.
Проектот е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија, а ќе се реализира во наредните четири години од страна на Програмата за развој на Обединети Нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање, општините од регионот и голем број на институции на национално и локално ниво.
На истиот настан ќе бите потпишан и Договор помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Швајцарската Конфедерација за доделување на техничка и финансиска помош за реализација на проектот „Подобрување на услугите за управување со отпад во Полошкиот регион“. Проектот е во вредност од 1 900 000 швајцарски франци и треба да заврши до јуни 2020 г.
На настанот ќе се обратат и амбасадорот на Швајцарија Сибил Сутера Техада, постојаниот претставник на УНДП Луиза Винтон и претседателот на Советот на Полошкиот регион Теута Арифи.
За заинтересираните новинарски тимови е обезбеден превоз до Попова Шапка, со поаѓања од Скопје и од Тетово.
Автобусот тргнува од Скопје во 12.00 од пред Дрводекор (Кеј 13 ноември), а од Тетово – во 13.00 часот, од пред хотелот Лираку (поранешен хотел Македонија).
За новинарските екипи по завршувењето на настанот ќе биде обезбеден коктел, по кој автобусот ќе ги врати до местото на тргнување во Тетово и во Скопје.
Превозот треба да се обезбеди со јавување на контакт лицето:
Сашко Голов – 070 244 919
Е- адреса: sgolov@hotmail.com