ИНФОРМАЦИЈА ДО МЕДИУМИТЕ

Почитувани,

Ве информираме дека на 10 октомври 2017 г. (вторник) заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули ќе учествува на јавната дебата “Не оставај на друг, дојди за чист воздух” која ќе се одржи во  Младинскиот Културен Центар (МКЦ), со почеток во 10 часот.

Јавната дебата на тема која сите нѐ засега – загадување на воздухот е организирана како завршница на Светската недела на вселената и е поддржана од  програмата ‘NASA Datanauts’, во рамките на open NASA.

Ве покануваме со Ваши екипи да присуствувате на настанот.