Почитувани, Ве информираме дека заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, на 5 септември 2017г. ќе престојува во Виена каде ќе учествува на состанокот на Акциската група за клима. На состанокот ќе се дискутира за најдобрите начини за развивање, споделување и мониторирање на интегрираните енергетски и климатски пакети; за унапредување на меѓусебната соработка и зајакнување на капацитетите внатре и помеѓу министерствата одговорни за енергетика и климатски промени и за развивање на регионалната соработка во пресрет на Конференцијата на страните за клима (COP23, Бон, ноември 2017 г.) во врска со спроведувањето на Договорот од Париз. Акциската група за клима е формирана на Првиот неформален Министерски Совет кој се одржа на 9-10 јуни 2017 година во Австрија.
Соопштение за јавноста
септември 05, 2017