Ве покануваме на одбележување на почетокот на проектот за уредување на коритото на Липковска Река, во понеделник, 17 јули 2017г., во 10:30 часот, во населбата Средорек во Куманово.
Изјави за медиумите ќе дадат министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки, градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, постојаниот претставник на УНДП Луиза Винтон и амбасадорката на Јапонија Кеико Ханеда.
Со овој проект, вреден над 800.000 евра, финансирани од Министерсвото за животна средина, општина Куманово, владата на Јапонија и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), се обезбедува директна и долгорочна заштита на голем број жители на Куманово кои живеат во овој дел на градот.