Ве известуваме дека утре, на 15.03.2017г. (среда) министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети ќе се обрати на завршниот настан на проектот финансиран од Европската Унија, „Зајакнување на капацитетите за имплементација на Натура 2000″, кој се спроведува во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.
На настанот, на кој ќе бидат презентирани резултатите од спроведување на проектот, свое обраќање ќе има и амбасадорот на Делегацијата на ЕУ, Н.Е. Самуел Жбогар.
Почетокот на настанот е закажан во 11.00 часот, во просториите на Хотел Арка (ул. „Битпазарска“ 90/2).
Ве покануваме со Ваши екипи да присуствувате на настанот.