ИНФОРМАЦИЈА ДО МЕДИУМИ

Ве известуваме дека на 04.12.2014 година (четврток) министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, швајцарскиот амбасадор во РМ,  Н.Е. Стефано Лазарото и градоначалникот на о. Кочани Ратко Димитровски, во 11:00 часот, на локацијата Грдовски Орман свечено ќе го  пуштат во употреба новиот бунар за водоснабдување на Кочани, кој е прв целосно реализиран проект од 15-те мали инфраструктурни проекти во рамките на Проект за управување со сливот на Брегалница.

Во продолжение, во 12:00 часот во просториите на Правниот факултет во Кочани (комплекс АСНОМ) ќе се одржи Третата јавна презентација на проектот за управување на речниот слив на Брегалница, на која министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири ќе има свое обраќање.

Проектот за управување со речниот слив на Брегалница се спроведува во 15 општини од регионот на реката Брегалница. Финансиран е од Швајцарскиот државен секретаријат за економски работи СЕКО, заедно со Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и општините од регионот.