Ве информираме дека на 20 ноември 2014 г. заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски ќе се обрати на Заедничкиот состанок на членките на Монтреалскиот протокол за супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка и Виенската конвенција за заштита на озонската обвивка, кој од 17 – 21.11.2014 година ќе се одржува во Париз, во Франција.
На состанокот, заменик министерот Темелковски ќе зборува за остварувањата и резултатите на Република Македонија постигнати на полето на редукцијата и елиминација на супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка, како дел од сегментот на кој учествуваат високи претставници на земјите-членки на Монтреалскиот протокол.