Ве информираме дека министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири ќе присуствува на Министерската Конференција на Централно Европската Иницијатива која ќе се одржи на 09.10.2014г. (четврток) во Виена.
Темата на годинешната конференција е “Енергетски преобразби”, и на истата ќе земат учество министрите надлежни за животна средина од 10 држави од регионот.
На конференцијата ќе се дискутираат теми од взаемен интерес за регионот и ќе биде презентиран придонесот на регионот во борбата против климатските промени преку зголемена употреба на обновливите извори на енергија и взаемните придобивки од нивната употреба (како потенцијалот за генерирање нови работни места). На маргините на конференцијата, министерот Изаири ќе оствари билатерална средба со својот австриски колега, федералниот министер за земјоделство, животна средина и управување со водите, Андра Рупрехтер.
СЛУЖБА ЗА ИНФОРМИРАЊЕ