Соработка помеѓу GLOBE училишта

2000

GLOBE конференција во Рабац – Лабин, Хрватска од 27 до 30.06.2000 година

Учениците и наставниците од трите најактивни GLOBE училишта во Македонија имаа можност да патуваат во Лабин, Хрватска каде присуствуваа на тродневна GLOBE конференција. Македонската гурпа која присуствуваше на конференцијата во Хрватска ја сочинуваа:

  1. УСО “Нико Нестор” – Струга, професорка Лилјана Кукунеш, ученици – Климент Санџакоски и Санела Гоговска
  2. О.У. “Пере Тошев” – с. Дупјачани, професор Жарко Гиновски, ученици – Анела Адиловиќ и Мирјана Смилеска
  3. ДСУ ” Гоце Делчев” – Валандово, профессор Милан Гугицев, ученици – Ѓорѓи Павлов и Маја Органџиева
  4. Џоелин Рајнек – претсатвичка на американскиот Мировен Корпус во Македонија која работи на програмата GLOBE во  Министерството за животна средина на РМ.

Македонските учесници имаа можност да ги пренесат искуствата во однос на спроведувањето на програмата GLOBE во нашата земја како и да научат како хрватските ученици работат на програмата GLOBE.

Учениците подготвија презентација со фотографии и информации преку кои се претстави спроведувањето на програмата GLOBE во македонските училишта. На хрватските ученици македонската група им подели брошури за “GLOBE во Македонија” и примероци од весникот “GLOBE”, а сите учесници имаа можност да ги видат презентациите на македонските училишта и меѓусебно да ги споделат нивните знаења и искуства за програмата GLOBE.

Вториот ден вклучуваше индивидуални презентации на училиштата на кои беа претставени нови идеи за заеднички проекти и GLOBE истражувачки проекти. Беше определен и термин за интерактивни игри и посета на најатрактивните локални историски места.

Последниот ден во текот на утрото се изведуваа теренски активности, а потоа се одржа завршната церемонија со која се затвори конференцијата, на која нашите ученици беа претставени како специјални гости и им беа предадени материјали за програмата GLOBE во Хрватска. Исто така попладнето двајца од македонските ученици беа поканети да зборуваат на “Истра Радио Програма”, и тие тогаш го искажаа своето искуство од конференцијата во Лабин; својата работа на програмата GLOBE во Македонија како и благодарноста за гостопримството на кое наидоа во Лабин.

Ова патување беше спонзорирано од страна Канцеларијата за односи со јавноста на Американската Амбасада во Македонија и Министерството за животна средина на Република Македонија.

2006

Работна посета од Прилеп во Лабин

На ден 28.09.2006 се оствари првиот чекор од соработката помеѓу средното училиште Мате Блажина од Лабин, Хрватска и средното училиште Орде Чопела од Прилеп. Професорката Наталија Ацеска го посети училиштето каде што ја пречекаа одговорните професорки за GLOBE програмата, Чеда Перко и Мира Хрватин.  Во една релаксирана и пријателска атмосфера се разменија многу искуства, мислења и идеи за понатамошни заеднички активности. Како резултат од таа средба произлезе потпишување на меморандум за соработка во рамките на GLOBE програмата од страна на  директорите на инволвираните училишта.
http://globe-hr-mk.blogspot.com/  (фотографии)

2007

Работна посета од Лабин во Прилеп

Во периодот од 03 – 07 септември 2007, во училишето СОУ,,Орде Чопела,, беше реализирана работна посета во рамките на GLOBE програмата од средното училиште Мате Блажина од Лабин, Хрватска. Професорките Чеда Перко и Мира Хрватин во придружба на неколку ученици престојуваа во училиштето при што се работеше на најразлични активности согласно GLOBE протоколите. За време на нивниот престој преку заедничките делувања произлегоа значајни идеи за нови идни проекти кои бе се работеле паралелно  на ниво на двете училишта.
(фотографии)

2008

Работна посета од Прилеп во Лабин

Во април 2008 година, во рамки на GLOBE програмата училишето СОУ,,Орде Чопела,, оствари посета на средното училиште “Мате Блажина”- Лабин Република Хрватска. Тимот на СОУ “Орде Чопела” се состоеше од 12 ученици, предводени од четворицата професори кои ја спроведуваат GLOBE Програмата и директорката Славица Петровска.

За време на престојот беше одржан час по историја и спорт и спортски активности. Учениците и професорите беа примени од директорот на училиштето и заменикот на градоначалникот на Лабин. Беа посетени стариот дел од Лабин, музеј и други знаменитости.

Во рамки на GLOBE Програмата учениците заеднички работеа на  испитување на вода и почва, и разменија значајни искуства. Одржана беше смотра на двете училишта, од страна на СОУ “Орде Чопела” беше организирана модна ревија  инспирирана од активностите на GLOBE.