Проекти – Македонски информативен центар за животна средина

 

ТЕКОВНИ ПРОЕКТИ
Развоj на информативен систем за мониторинг на животна средина
Податоци за проект финансиран од ЕУ во рамките на ИПА 2014-2020EU_mk
Име на проектот Развоj на информативен систем за мониторинг на животна средина

Europe Aid/139107/IH/SER/MK

Главни цели на проектот
  • Целосно функционален Национален информативен систем за животна срединаспособен да го поддржува мониторингот, обработката, известувањето и ширењето на податоците за животната средина;
  • Развивање на интегрирана национална мрежа за мониторинг на животната средина за исполнување на националните и меѓународните барања за известување, додека се обезбедат високо квалитетни, споредливи и релевантни информации за состојбата на животната средина;
  • Зајакнување на административниот капацитет за спроведување и одржување на Национален информативен систем за животна средина и Национална мрежа за мониторинг на животната средина;
  • Зголемување на транспарентноста на јавните институции преку олеснување на пристапот до информации и развој на координиран пристап за информирање на јавниот сектор.
Проектни резултати/активности
  • Развиен, инсталиран и тестиран Национален информативен систем за животна средина;
  • Национална стратегија за мониторинг на животната средина и Акционен план, поткрепени со претходно изготвена Национална програма за мониторинг на животната средина ;
  • Административниот капацитет на информатичкиот систем за животна средина и за набљудување, дополнително засилен преку краткорочна програма за обука;
  • Развиени процедури за дисеминација на информации за животната средина и пристап до информации.
Дата на започнување 10.03.2019
Дата на завршување 09.03.2021
Тип на проект Договор за услуги
Вредност на проектот 1.369.050,00ЕУР
Име на изведувачот Particip GmbH (DE)
Корисник на проектот Министерство за животна средина и просторно планирање

 

Сектор одговорен за спроведување во рамките на Министерство за животна средина и просторно планирање

како краен корисник

Македонски информативен центар за животна средина (МЖСПП)

 

Краен корисник (освен Министерство за животна средина и просторно планирање, како што се општини и ЈКП) Министерство за финансии;

 

Министерството за здравство и нејзината институција за јавно здравје во рамките на Министерството за здравство;

 

Министерство за локална самоуправа;

 

Министерство за информатичко општество и администрација;

 

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство;

 

Хидрометеоролошки завод и хидро-биолошки институт Охрид;

 

Државен инспекторат за животна средина;

 

Агенција за катастар на недвижности;

 

Државен завод за статистика;

 

Деловни здруженија (на пр. Стопанска комора, Здружение на пакувачи и Здружение на оператори со секундарни суровини).

Линкови поврзани со проектот (веб-страни) /

GLOBE

ШТО е GLOBE?

Global Learning and Observations to Benefit the Environment

Глобално учење и откривање во полза на животната средина

GLOBE е светска научна и образовна програма, која ја координира работата на учениците, наставниците и научниците со цел да се проучува и разбере глобалната животна средина.

GLOBE има создадено меѓународна мрежа на ученици од основно и средно образование за проучување на проблемите на животната средина, изведувајќи разни мерења во средината и разменувајќи корисни податоци за животната средина меѓу себе, како и со меѓународната научна заедница.

GLOBE програмата беше иницирана во 1994 година од страна на американскиот потпредседател Ал Гор и званично отпочна на 22 април 1995 година на 25 годишнината на Денот на Земјата.

GLOBE претставува меѓународно партнерство во кое се инволвирани земји од целиот свет. Програмата ја води Владата на САД преку партнерства со други земји. Во програмата досега се вклучени повеќе од 100 земји со над 10 000 училишта.

>>>GLOBE во Македонија:

Цели на GLOBE се:

  • Да се зголеми свеста за животната средина на поединците во целиот свет.
  • Да се придонесе кон научното разбирање на Земјата.
  • Да им се помогне на учениците насекаде да постигнат повисоки стандарди во науката и математиката.

GLOBE развива чувство за науката, математиката и напредната технологија меѓу младите луѓе. Учениците вршат извонредно значајна научна работа и непосредно ги гледаат резултатите од своите проучувања.

Главни области на истражување

1.          Атмосфера

2.          Земјина покривка

3.          Вода

4.          Почва

5.          Фенологија

6.          GLOBE ноќе

Силата на GLOBE е во партнерството

Учениците вршат директни експерименти кои имаат вистинско научно значење. Тие учат како нивните локални откритија, заедно со оние на други ученици и научници од целиот свет, ја дополнуваат сликата за животната средина на земјината топка.

Наставниците во целиот свет ги упатуваат учениците како да вршат мерења, им помагаат на учениците да го разберат значењето на нивните набљудувања и ја објаснуваат важноста на глобалните визуализации (глобалната свест).

Научниците и учениците ги анализираат податоците во врска со информациите добиени од други извори. Проучувањата на животната средина во рамките на GLOBE помагаат за остварување на подобро разбирање на Земјата.

Нациите од целиот свет ги вклучуваат своите учлишта во GLOBE со цел да ја зголемат глобалната еколошка свест и глобалното собирање на податоци.

Организациите и програмите кои го поддржуваат еколошкото образование и научните активности се здружуваат во заеднички заложби со GLOBE.

“GLOBE претставува возбудлива можност за учениците да стекнат поголема свест за еколошките предизвици со кои се соочува планетата и за добивање на вредни научни податоци кои не би можеле да се соберат на друг начин”

Сали К. Рајд, Астронаут


“Учениците на GLOBE се млади научници, десетици илјади кои учат за Планетата Земја… а потоа не учат нас”

                                                                                                        Потпретседателот на САД, Ал Гор

ЗАВРШЕНИ ПРОЕКТИ

Проекти за воздух финансирани од JICA, EU, GTZ, Холандска влада

Твининг проект – Подобрување на квалитетот на воздухот - CARDS 2005

CARDS 2002 – Regional
Име на проектот КАРДС регионална акциона програма за 2002 – Зајакнување на Европската информативна мрежа за животна средина во земјите од Западен Балкан
Опис на проектот Во Програмата се опфатени петте земји од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија и Црна Гора и Македонија) во период од 2004 до 2006 г. Наменета е за развој и подготовка на петте земји да го достигнат нивото на земјите членки на ЕЕА, со што ќе бидат подготвени да станат членки на ЕЕА.
Цели на Проектот Посебните цели на Проектот се:

–         да се зајакнат националните мрежи на EIONET кои се на различно ниво на развој и нивната работа да се хармонизира со ЕЕА се до целосната интеграција во EIONET, со цел да се постигне слично функционирање како во мрежите на земјите членки на ЕЕА;

–         да се воспостави процес на развивање на индикатори и да се изгради постапка за редовно известување заснована на приоритетните текови на податоци на EIONET и систем за известување преку индикатори со цел петте земји да се вклучат во основните извештаи за животна средина на ЕЕА;

–         да се развие соработка во петте тематски области (Воздух и климатски промени, Вода, Заштита на природата и биолошка разновидност, Копнена средина и Текови на отпадоци и материјали, и нивните наследници, доколку е соодветно), преку проширување на работата на петте Европски тематски центри на ЕЕА во овие тематски области со вклучување на земјите од Западен Балкан, со цел да се воспостават Европски мрежи за мониторинг на животната средина и информативни системи (EUROWATERNET, EUROAIRNET, CDDA/Emerald, CORINE Land Cover/TERRIS, WasteBase) и да се помогне во развивањето на националните аспекти на тематските мрежи;

–         Да се поддржи функционирањето и развивањето на апликациите на Телематската мрежа на EIONET, со цел да се обезбеди алатка за комуникација за размена на податоци и информации за животната средина низ целата мрежа на ЕЕА, со цел петте земји од Западен Балкан да се вклучат во инфраструктурните алатки на ReportNet;

–         Да се обезбеди учеството на националната мрежа на EIONET во главните случувања во ЕЕА, со цел да се развие институционалната мрежа на национално ниво, следејќи го моделот  на EIONET;

Хармонизиран пристап во развивањето на соработката на ЕЕА со земјите од Западен Балкан,преку управување и координација на проектот што ќе се обезбеди со средства од ЕЕА

Одговорен за проектот Светлана Ѓорѓева НФП во ЕЕА – Македонски информативен центар за животна средина
Времетраење од 2004 до 2006 г / обезбедени се средства за продолжување на проектот од 2007-2008
Донација ЕУ – CARDSрегионална програма спроведувана преку Европска агенција за животна средина (ЕЕА)

 

Вредност на донацијата 2.000.000 Евра (за сите вклучени земји) до 2006 и 700.000 евра до 2008
Вклучени други институции Министерствата за животна средина од петте земји од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија и Црна Гора и Македонија

Во процесoт на подготовка на индикаторите е вклучен и UNEP/GRID Arendal

 

 

Компонента 1

 

Опис на компонентата Воведување на медотологијата CORINAIR ( MK  EN CoR Inventory Air Pollution ) за инвентаризација на емисиите во воздухот во Република Македонија како национална медодологија. Таа произлегува од барањата на Конвенцијата за прекуграничен пренос на аерозагадувањето  ( CLRTAP )
Одговорен за компонентата Виларова Маријонка – Македонски информативен центар за животна средина
Цел на компонентата Целта на воведување на методологијата CORINAIR во нашата држава е да се добијат релевантни споредливи податоци за количините на емисиите на загадувачките супстанции со ЕУ земјите, како и исполнување на барањето на конвенцијата за следење и намалување на количините на емисии на загадувачките супстанции за кое редовно известуваме секоја година до 15 февруари.
 

Компонента 2

 

Опис на компонентата Воспоставување процес на развивање на индикатори за животна средина во земјите од Западен Балкан. Градење на постапка за редовно известување заснована на приоритетните текови на податоци на EIONET и систем за известување преку индикатори се со цел петте земји полесно да се вклучат во основните извештаи за животна средина на ЕЕА.

 

Одговорен за компонентата Катерина Николовска – Македонски информативен центар за животна средина
Цел на компонентата Изготвување на индикатори за животна средина, согласно Основниот сет на индикатори на Европската агенција за животна средина, за потребите на извештајот Белград 2007, кој ке биде претставен на Министерската конференција во Белград 2007 година.

 

За таа цел беа организирани два работни состанока на кои, претставниците од земјите дадоа извештај по однос на секој од 37те индикатори усвоени во основниот сет на индикатори. На првиот состанок, беше разгледуван секој индикатор поединечно по однос на институции, расположиви податоци и можност за пресметување на индикаторот и да се согледаат недостатоците во поедините земји, односно, за кои индикатори недостасуваат податоци.

На вториот состанок беше направена споредбена табела, во која беше дадено дали, и во која од земјите, индикаторот е достапен, делумно се  достапни податоци за негово пресметување или воопшто нема податоци.

На крај од состанокот беа идентификувани индикаторите кои се заеднички за стие земји, а по кои земјите треба да известуваат до ЕЕА и ќе бидат опубликувани како анекс на Белградскиот ивештај.

 

 

Компонента 3

 

Опис на компонентата Во рамките на CARDS 2002 Регионалната програма  “Зајакнување на EIONET во земјите од Западен Балкан”, Европската агенција за животна средина од Копенхаген издвојува средства за поддршка на развојот на Емералд мрежата во 5-те земји во Југоисточна Европа: Албаниа, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија и Србија и Црна Гора. Активностите во врска со развојот на Емералд мрежата ги координира Советот на Европа преку досега спроведените пилот-проекти, а ќе продолжи и во овој проект. Периодот на реализација на овој проект е веднаш по потпишување на Административниот аранжман (септември 2005) до декември 2006 година.
Одговорен за компонентата Робертина Брајаноска – Управа за животна средина
Цел на компонентата Со проектот се очекува да се даде поддршка во идентификацијата на 80 % подрачја од посебен интерес за зачувување (ASCI) во секоја земја со следните аутпути:

–         дистрибуција по биогеографски региони на сите видови и хабитати од Резолуциите 4 и 6 од Бернската Конвенција и Анекс I и II од Директивата за хабитати;

–         карти на дистрибуција на селектирани видови и хабитати во ГИС

–         база на податоци за 80% АСЦИ, пополнета до 60% од податоците

–         дигитални граници за сите АСЦИ во ГИС.

 

Финансиската контрибуција (30.000 ЕУР по држава) ни беше префрлена преку Советот на Европа, на сметката за проектот за развој на Емералд мрежата во Р.Македонија, на две рати со два административни аранжмани, следејќи го прогресот на работа, и тоа:

–         првиот – кој покрива обработка и испраќање до 40 % ASCI до крајот на Февруари 2006 (10.000 ЕУР);

–         вториот – кој покрива обработка и испраќање на останатите 40 % ASCI до Декември 2006 и изготвување на финалниот извештај (20.000 ЕУР).

 

Подобрување на управувањето со меѓународните водени ресурси на басенот на р.Вардар
Име на проектот КАРДС програма за 2003 Подобрување на управувањето со меѓуграничните водени ресурси на басенот на реката Вардар
Опис на проектот Проектот ќе и помогне на Република Македонија во воспоставувањето на рамка за Планирање на управувањето со речниот слив (УРС) – систем за ефикасно управување со водните ресурси и квалитетот на водата во реката Вардар и нејзините притоки. Важен аспект на УРС е ефикасното управување со побарувањето на индустрски води и индустриските отпадни води.
Одговорен за проектот Менка Спировска – Државен советник
Времетраење 20 месеци
Донација ЕУ – CARDSпрограма спроведувана преку Европска агенција зa а реконструкција (ЕАР)
Вредност на донацијата Проектот е финансиран од Европската Унија
Вклучени други институции Во овoj Проект вклучени ќе бидат сите релевантни институции кои имаат надлежност во делот на водите
  1. Компонента Национална законска и институционална рамка за планирање на управувањето со водните ресурси и речните басени
Опис на компонентата Подготовка на Работниот документ кој ќе е само прв чекор од процесот на асистирање при прегледот на правните и регулаторните аспекти и концептуализирање на текстовите за апликација за да се олесни имплементацијата на ЕУ РДВ и подготовката на планот за УРБ
Одговорен за компонентата Љупка Димоска Зајков  учесник во Работна група – МЕИЦ
Цел на компонентата
  • Подлабок преглед на правната и институционалната рамка.
  • Подготовка и започнување со работа на нацрт законот за води;
  • Подготовка, дискусија и финализација на програмата за тренинг семинарот за меѓународно право за води;
  • Комплетирање на прегледот на меѓународната правна рамка
  1. Компонента Проценка на сегашниот мониторинг на басенот на реката Вардар и предлог мерки за надградување на постоечката мониторинг мрежа
Опис на компонентата Проценка на постоечката мониторинг мрежа во Р. Македонија, утврдување на недостатоците во однос на барањата на РДВ, како и предлагање на соодветен мониторинг согласно РДВ
Одговорен за компонентата Љупка Димоска Зајков – учесник во Работна група – МЕИЦ
Цел на компонентата Обезбедување на соодветни и неопходни податоци за изработка на Планот за управување на сливното подрачје
  1. Компонента Проценка на загадувањето од индустриски капацитети
Опис на компонентата Прелиминарна проценка на ризиците од точкасти извори на загадување – 30 компании
Одговорен за компонентата Љупка Димоска Зајков  учесник во Работна група
Цел на компонентата Теренска посета на компаниите како и на Јавните комунални претпријатиа со цел обезбедување на соодветни податоци кои ќе бидат основа во изработката на Палонт за управување со сливот на р. Вардар
  1. Компонента Подготовка на Планот за управување со водите во басенот на реката Вардар
Опис на компонентата Изработка на Предлог документ што ќе преставува Подготовка за изработка на План за управување со водите во басенот на реката Вардар
Одговорен за компонентата Љупка Димоска Зајков  учесник во Работна група
Цел на компонентата
  1. Следење на работатат на сите работни пакети со единствена цел навремено собирање на соодветните податоци и информации кои ќе бидат неопходни при изработката на Палнот
  2. Компонента Дојранско Езеро
Опис на компонентата Проектните задачи вклучуваат: Студија за водниот баланс и сродни геолошки структури, собирање на релевантни информации и договор за методи на валидација; Проценка од национални и меѓународни специјалисти за врнежи; тек на водите; апстракција на вода (од површински и подземни); нивоа и протоци на подземни води, нивоа на езера и квалитет на вода за проценка на примарни и секундарни ефекти, вклучувајќи ги промените на областите на вододелницата и земјоделието.
Одговорен за компонентата Љупка Димоска Зајков  учесник во Работна група
Цел на компонентата Утврдување на состојбата со подземните води во долниот сливот на р. Вардар и Дојранското Езеро, како и утврдување на состојбата со езерото

Зајакнување на управувањето со животната средина - CARDS 2004
Име на проектот КАРДС програма за 2004 “Зајакнување со управувањето со животната средина

 

Опис на проектот Проектните  задачи се однесуваат на зајакнување со управувањето со животната средина преку имплементација на активности од повеќе компоненти како М3 компонента – подготовка на законски и подзаконски акти, институционални аспекти – воведување на IPPC систем, комплетирање на гајдланси и процедури за ЕИА, Прелиминарна проценка и воспоставување на зони и агломерации, Информациски систем за животна средина како М6 компонента

 

Одговорен за проектот Менка Спировска-државен советник
Времетраење Проектот ќе трае 24 месеци (мај  2005 – јуни 2007)
Донација ЕУ – CARDSпрограма спроведувана преку Европска агенција реконструкција (ЕАР)
Вредност на донацијата
Вклучени други институции

 

Во овoj Проект се вклучени сите релевантни институции кои имаат надлежност во областа на животната средина
 

Компонента М3

 

Опис на компонентата Изработка на прелиминарна оценка на квалитетот на воздухот на територијата на целата држава и воспоставување на зони и агломерации за квалитет на воздух согласно рамковната директива за воздух 96/62/ЕЦ
Одговорен за компонентата Виларова Маријонка – Координатор на Работната група на М3 компонентата од проектот
Цел на компонентата Целта на компонентата е да се изработи прелиминарна оценка на квалитетот на воздухот од серија постоечки мерења за повеќе години за основните загадувачки супстанции на целата територија на државата. Оценката и обработката на податоците се врши согласно релевантните директиви за воздух 99/30/ЕЦ, 2002/3/ЕЦ и 2000/69/ЕЦ. Како резултат од прелиминарна оценка ќе се воспостават зони и агломерации за квалитет на воздух од кои ќе се добие сознание како да се пристапи при подготовка на планови и програми за подобрување на квалитетот на воздухот.

 

 

Компонента М6

 

Опис на компонентата Информациски систем за животна средина (ИСЖС)
Одговорен за компонентата Маја Граматикова – Координатор на активностите во компонента М6
Цел на компонентата Компонентата M6 е фокусирана на развојот на Националниот информациски систем за животна средина согласно Стратегијата за управување со податоците за животната средина изготвена во рамките на Проектот “Зајакнување на капацитетот на Министерството за животна средина и просторно планирање” од PHARE99 Програмата.

Во рамките на оваа компонента ќе биде изготвен Каталог на податоци за животната средина кој ќе претставува основа за следниот чекор од развојот на ИСЖС – дизајнирање на интегрирана база на податоци која ќе ги опфаќа податоците од сите медиуми и области од животната средина.

 

 

Правна компонента

 

Опис на компонентата Изработка на подзаконски акти
Одговорен за компонентата Маријонка Виларова – воздух

Љупка Димовска- Зајков – вода

Цел на компонентата Компонентата е фокусирана на изработка на следните подзаконски акти:

  • Вода

–         Идентификација на листа на опасни супстанции и нивни емисиони стандарди

–         Утврдување на состојбата, управувањето и гранични емисиони вредности на испуштање на отпадни води од домаќинствата по третман, земајќи ги во обзир карактеристиките на заштитните зони

–         Утврдување на состојбата, управувањето и барањата  за дизајнирање, конструкција и работа на колекторските системи и објектите за третман на  отпадна вода од домаќинствата, како и техничките стандарди и квалитативни норми за пред третман, одведување и третман на отпадни води, земајќи ги во обзир оптоварувањата и методите за третман на отпади води од домаќинствата што се исфрлаат во водните тела во осетливите области

 

  • Воздух

–          Правилник за гранични вредности за емисии од стационарни извори

–          Одлука за  воспоставување на зони и агломерации.за квалитет на амбиентниот воздухот  во Р.М

–          Правилник за воведување на CORINAIRметодологија

Национална стратегија за апроксимација во животната средина - CARDS 2005
Име на проектот КАРДС програма за 2005 “Националната стратегија за апроксимација во животната средина”
Опис на проектот Проектните  задачи се однесуваат на изработка на Националната стратегија за  апроксимација во  животна средина

 

Одговорен за проектот Даниела Стефкова – Сектор за евроинтеграција
Времетраење Проектот ќе трае 14 месеци (февруари 2006 – април 2007)
Донација ЕУ – CARDS програма спроведувана преку Европска агенција реконструкција (ЕАР)
Вредност на донацијата 1.250.000,00 ЕУРО
Вклучени други институции

 

Во овoj Проект вклучени ќе бидат сите релевантни институции кои имаат надлежност во областа на животната средина
 

Компонента Вода

 

Опис на компонентата Изработка на национална стратегија за води, насоки и план за имплементација

 

Одговорен за компонентата Љупка Димоска Зајков – Национален координатор на Работната група за вода
Цел на компонентата Работата  ќе се одвива низ следните 4 (четири) фази:

  1. Првична – планирачка фаза( изработка на коресподентни табели);
  2. Подготовка на планови за имплементација на специфични директиви (ПИСД) за главните директиви за вода;
  3. Подготовка на секторска стратегија за приближивање  (ССП) базирани не само на ПИСД, но исто така и на анализи на сите други соодветни закони во секторот;
 

Компонента воздух

 

Опис на компонентата Проектните  задачи се однесуваат на изработка на Националната стратегија за  апроксимација во  животна средина, во случај на компонентата за воздух треба да се подготвата коресподентни табели за 4 директиви, имплемнтациони планови, од кои за две директиви и анализа на трошоци за нивна имплементација.

 

Одговорен за компонентата Виларова Mаријонка – Координатор на Работната група за воздух од МЖСПП
Цел на компонентата Целта на компонентата е да се направат имплементациони планови и анализа на трошоци на директивите 96/62/ЕЦ и 2003/87/ЕЦ, имплементациони планови за директивите 2002/3/ЕЦ и 2001/81/ЕЦ, а ако има можност и средства за останатитедирективи 99/30/ЕЦ, 2000/69/ЕЦ, 99/94/ЕЦ, 99/32/ЕЦ, 98/70/ЕЦ ќе се изработат коресподентни табели и имплементациони планови.
 

Компонента Бучава

 

Опис на компонентата Изработка на национална стратегија за бучава, насоки и план за имплементација
Одговорен за компонентата Тања Пауновска – Национален координатор на Работната група за вода

Катерина Николовска – Заменик координатор, Македонски информативен центар за животна средина

Цел на компонентата Целта на компонентата е да се:

  1. Изработат коресподентни табели во планирачката фаза;
  2. Подготват планови за имплементација на рамковната и специфичните директиви за бучава;
  3. Подготви секторска стратегија за приближивање и имплементација на законите;

Студија за развивање на капацитетите за управување со загадувањето со почвата поврзано со рударството во Република Македонија
Име на проектот Студија за Развивање на капацитетите за управување со загадувањето на почвата поврзано со рударството во Република Македонија
Опис на проектот
  • Крајна цел е да се изработи Мастер план за управување со контаминација на почвата поврзана со рударството со цел подобрување на животната средина во Република Македонија
  • Изработка на Пилот проект во регионот планиран за наводнување во басенот на река Злетовица, поврзан со испитување на контаминација на почвата со тешки метали како резултат на работата на рудниците Злетово, Саса и Тораница
  • Трансфер на технолошки знаења, пренесени од експерти од Јапонија на домашни експерти во институциите од земјава

 

Одговорен за проектот Сашо Апостолов

 

Вклучени во проектот од МЖСПП –         Маргарета Цветковска

–         Ана Мазнева

Времетраење од 2006 до почеток на 2008 г

 

Донација Japan International Cooperation Agency (JICA) – Јапонска Интернационална Агенција за Соработка
Вредност на донацијата
Вклучени други институции Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Министерство за економија

Министерство за здравство

Рударско-геолошки факултет,

Факултет за земјоделски науки и храна

 

Олимпијада 2004

О Л И М П И Ј А Д А 2004

Во врска со одржувањето на престојните Олимписки игри во Атина, август 2004, и очекувањата на Р.Македонија за транзитирање на околу 1,5 милион туристи, а со цел што подобро презентирање на земјата од аспект на националното природно и културно богатство, Министерството за животна средина и просторно планирање во рамките на заеднички проект со Министерството за култура и Министерството за економија, пристапи кон изработка на репрезентативен материјал за оваа намена.

Имено во таа насока Информативниот центар за животна средина во соработка со службата за просторен информативен систем и службата за животна средина изработи:

  • репрезентативна веб страна за природното наследство на Р.Македонија
  • ЦД со фото албум за природните убавини на републиката
  • туристичка карта со означени природни и културни реткости
  • билборди

Веб страницата е конципирана во две насоки, едната преку карта на која со непосредно кликање на соодветна локација, се отвара страницата со слики и содржина за конкретната локација,

другата организациски осмислена така што целото природно богатство е поделено во 3 групи презентирани на веб страниците преку 3 менија:

  • Национални паркови
  • Строги природни резервати
  • Споменици на природата

Така се овозможува корисникот да пребарува и по картата на републиката т.е. да се ориентира каде кој објект на природата се наоѓа, зависно од планираната насоката на движење на пат до Атина, како и по конкретна интересна група на природни убавини.

Корисниците на Интернет медиумот можат страницата да ја погледаат на адреса: www.moe.gov.mk/prirodnonasledstvo или преку официјалната страница на Р. Македонија поставена на страницата на со адреса: www.athens2004-mk.gov.mk во делот Macedonia/Natural resources. Оваа страница содржи информации и податоци за сите свери на опшественото живеење кои би можеле да бидат интересни за странските посетители.

ЦД со фото албумот содржи Power Point презентација преку која визуелно се доближуваме до атрактивните природни убавини на земјата.

Количината на отпечатени ЦД-а брои 5000 копии респективно поделени по горенаведените министерства, и по нашите конзуларни претставништа и амбасади со цел истите да се дистрибуираат на потенцијално заинтересираните патувачи.

Туристичка карта

Картата е осмислена како двостран информатор во насока “кој локалитет го буди вашето интересирање” и “каде истиот можеме да го најдеме”.

Значи на првата страница е отпечатена картата на Р.Македонија со легенда која ги содржи сите позначајни објекти на природата и културата , додека на задната страница покрај фактографските податоци за големината на републиката, населеност, официјален јазик, конвертабилна валута се претставени најатрактивните места со репрезентативна слика и кратка содржина за конкретното место “зошто?” истото треба да се посети.

Туристичката карта ќе се отпечати во количина од 150 000 примероци и ќе биде бесплатно разделувања на сите гранични премини и аеродроми на пасошката контрола какои по попатните стојалишта низ републикава (бензински пумпи, мотели, наплатни рампи..).

Билборди

На сите гранични премини во Државава како и во двете аеродромски згради на Скопскиот и Охридскиот аеродром ќе бидат поставени  билборди со содржини од нашето културно и природно наследство кои треба да го привлечат вниманието на посетителите.

На билбордите ќе бидат поставени слики од локалитетите: Стоби, Осоговски Манастир, Охрид и Дојран и картата на Република Македонија со назначената патна мрежа и места интересни за туристите.

Секој од овие продукти треба во целост да ја зголемат заинтересираноста на светот за запознавање со нашата татковина и пријатен престој во туристичките капацитети подготвени за овој мега настан.