Македонскиот информативен центар за животна средина – МИЦЖС е сектор во рамките на Министерството за животна средина и просторно планирање.
Информациите за животната средина се почетна точка за секоја активност во сферата на животната средина (на пр. информации за степенот на загадувањето, за изворите на финансии насочени кон заштита на животната средина или за активностите на организациите кои се активни на полето на заштита на животната средина. За таа цел за да добро се управува со процесот на прибирање, обработка, доставување и распространување на информациите за животната средина, МЖСПП го основа Македонскиот информативен центар за животна средина-МИЦЖС во април 1998 г.
Работата на Македонскиот информативен центар за животна средина се реализира преку четири одделенија:
за мониторинг
за квалитет на воздухОдделение
за аналитика
и известувањеОдделение
за катастри
и моделирање Одделение
за информатичка
технологија
Одделението за мониторинг на квалитет на амбиентен воздух управува со Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух (ДАМСКВ). ДАМСКВ се состои од 21 фиксна и една мобилна автоматска мониторинг станица за квалитет на амбиентен воздух. Фиксните мониторинг станици се поставени во следните градови: пет во Скопје (Карпош, Центар, Ректорат, Лисиче и Гази Баба), две во Битола, по една во Кичево, Велес, Илинден, Куманово, Кочани, Тетово, Кавадарци, с. Лазарополе, Струмица, Гостивар, Гевгелија, Прилеп, Берово и Охрид. Мобилната мониторинг станица се користи за следење на квалитетот на воздухот во помалите градови. Моментално, мобилната станица за автоматско следење на амбиентниот воздух е поставена во Ѓорче Петров (Скопје). Претходно, мобилната станица беше во Бутел (Скопје) и работеше една година во периодот 2018-2019 година.
Основните задачи на одделението се секојдневно следење на податоците добиени од Државен автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух и нивна валидација и верификација; редовно одржување и сервисирање на станиците и семплерите, промена на филтри, промена на делови, мануелна калибрација на инструментите во станиците и др.
Во рамките на одделението се спроведуваат активности кои се однесуваат на калибрација на анализаторите од мониторинг станиците со цел добивање на веродостојни податоци за квалитет на воздух и калибрација на референтните анализатори од калибрационата лабораторија со помош на статичен инјекционен систем за калибрација.
Дополнително се врши мерење и подготовка на пробите од семплерите и подготовка на пробите за хемиска анализа цо цел одредување на концентрацијата на тешки метали и обработка и анализа на добиените податоци. Одделението ги изготвува информациите за состојбата со мониторингот и квалитетот на воздухот. Исто така подготвува дневен, месечен и годишен извештај за квалитетот на воздухот во државата, согласно податоците добиени од ДАМСКВ.
Одделението доставува известување во случај кога ќе забележи надминување на граничните вредности и праговите за алармирање на поедини загадувачки супстанци.
Подетални информации во врска со ДАМСКВ како и состојбата со квалитетот на воздухот во реално време може да најдете на следниов линк: http://airquality.moepp.gov.mk/
Одделението врши работи и задачи во врска со собирање, обработка, анализа, прикажување и известување на податоците и информациите од медиумите и областите на животната средина. Изготвува дневни, месечни, годишни и четири годишни извештаи за состојбата и трендовите во животната средина и изготвува тематски карти со геоориентирани податоци. Одделението ги координира активностиите за соработка на Министерството со Европската агенција за животна средина (ЕЕА) и доставување на податоци и информации до другите меѓународни организации, мрежи и конвенции согласно обврските кои произлегуваат од законската легислатива и меѓународните договори. Исто така, одделението го изготвува, применува и проширува националениот сет на индикатори, и ги координира активностите за формирање на работни групи за сите поглавја. Одделението доставува и обработува податоци и информации за статистичка база и статистички годишник и за потребите на други органи и организации во земјата. Одделението зема активно учество во работните групи од проектните активности кои се спроведуваат во Министерството, и во работните групи за реализација на Националната програма за усвојување на правото на Европската Унија.
Во одделението за катастри и моделерање се подготвуваат и одржуваат катастрите за медиумите на животната средина како дел од централаната база на податоци. За таа цел во одделението се вршат и координираат активностите околу формирање на прашалници за поедини области, нивно дистрибуирање и собирање до загадувачите, обработување на податоците и нивно редовно внесување одделно во поедини катастри во централната база на податоци, како и соработка со сите релевантни институции коишто имаат податоци од областа на животната средина.
МОДЕЛИРАЊЕ
Во однос на моделирањето истите тие податоци се користат за предвидување и симулација на квалитетот на поедини области (воздух, вода, отпад) со цел да се добие предвидување за квалитетот на медиумите на животната средина. За таа цел во одделението се вршат и активности околу тестирање на компјутерски софтвер за моделирање, имплементација на модел податоци, идентификација на проблеми, од временски и просторен аспект, анализа на причините за девијациите на моделот, обезбедување на дијаграмска презентација на концентрацијата на полутантот, компаративна анализа и верификација на податоците од мерењата, како и модел податоци, анализа на податоците од аспект на општествениот, економскиот и индустрискиот развој.
Повеќе за дисперзираното моделирање на квалитетот на воздухот на следниот линк:
http://airquality.moepp.gov.mk/?page_id=3428
ПРТР
Одделението има ингеренции околу воспоставување, водење, внесување податоци во централната база на податоци и нивно презентирањење на доследни, интегрални, национални регистри на испуштање и пренесување на загадувачки материи во согласност со одредбите на Архуската конвенција – Протокол ПРТР – Протокол за Регистрите за испуштање и пренос на загадувачки супстанции – (Protocol on pollutant release and transfer register) е посебен меѓународен договор усоен на петатта Министерска Конференција Животната средина во Европа, што се оджа во Киев (Украина), мај 2003 година. Тој претставува меѓународен договор развиен во оквир на Архуската Конвенција, и формално преставува протокол на Архуската конвенција – Конвенција за достапност на информациите, учество на јавноста во одлучувањето и достапност на правдата за прашањата повразани со животната средина е меѓународен договор усвоен на Четвртата министерска Конференција – Животната средина за Европа, што се одржа во 1998 година во Архус, Данска. Се работи за нов вид на меѓународен договор за животната средина кои на специфичен начин ги поврзува областа на животната средина и човековите права. Во склад со одредбите на оваа Конвенција, разработени се клучните елементи на ПРТР системот, неговиот изглед, структурата и обемот, како и парвилта поврзани со начинот на собирање и архивирање на податоците, известување, процена на нивниот кавалитет, јавниот пристап до информациите, доверливост на податоците и информациите и учество на јавноста во развој на Регистрите, како и меѓународна соработка во оваа област.
Основните задачи на Одделението за информатичка технологија се: обезбедување на ИТ сервиси за сите вработени во МЖСПП, одржување на информатичката инфраструктура на МЖСПП и развивање на Националниот информациски систем за животна средина, како и e-mail сервис за МЖСПП, oбезбедување LAN и WAN сервиси за МЖСПП, обезбедување конекција помеѓу различните локации на МЖСПП, обезбедување и одржување пристап до Интернет, обезбедување firewall заштита на мрежата, централизирана заштита од компјутерски вируси, инсталирање и конфигурирање на новонабавена опрема, едитирање и ажурирање на содржините на web порталот на МЖСПП, редовен мониторинг на официјалната e-mail адреса на МЖСПП, техничка подготовка (desktop publishing) на брошури и извештаи од обработени податоци од животната средина.
– Обезбедување мрежни сервиси (LAN и WAN) за потребите на МЖСПП
- Администрирање на Windows сервери
- Администрирање на Linux сервери
- AD, DNS, DHCP Services
- Инсталирање / конфигурирање / одржување и администрирање на серверите
- Администрација на Active Directory Services на различни локации на Министерството меѓусебно поврзани со VPN конекција
- Администрација на web сервиси на Министерството
- Креирање на корисници, доделување на привилегии на мрежни фолдери
- Обезбедување и одржување мрежно поврзување на компјутерите во МЖСПП
- Обезбедување мрежен пристап до документи
- Обезбедување мрежно печатење
- Обезбедување и одржување пристап до Интернет
- Одржување на компјутерската мрежа
- Обезбедување firewall заштита на мрежата
- Обезбедување централизирана заштита од компјутерски вируси
- Обезбедување континуирана поддршка (Help desk) за корисниците на системот и на времени хардверски и софтверски интервенции по барање на вработенитe
- Креирање backup
– Одржување и редовен update на Web порталот на МЖСПП
Во денешниот свет, комуникацијата и размената на информации се меѓу најважните фактори за успех на било која организација. Во прилог на ова оди и високиот степен на развиток на информатичката технологија, која комуникацијата и размената на информации ја поедноставува и ја прави достапна во било кое време.
МЖСПП т.е. Македонскиот информативен центар за животна средина (МИЦЖС) ја овозможува комуникацијата и размената на информации не само преку информациски материјали односно извештаи, брошури, мапи кои се изработуваат во центарот за потребите на граѓаните, институциите, туку е овозможено таа комуникација да севрши и преку интернет страната на МЖСПП.
Значи презентацијата на податоците и информациите поврзани со животната средина се врши преку Web страната на МЖСПП – www.moepp.gov.mk.
На сајтот можат да сенајдат сите потребни информации кои се поврзани со животната средина а воедно и сите работни активности кои се одвиваат во Министерството. Апдејтирањето на сајтот е секојдневно. Континуирано се пабликуваат сите настани, кампањи, активности, закони и другите активности кои се однесуваат на МЖСПП.
Самата структура на сајтот ја опишува фактички структурата на МЖСПП.
На сајтот се наоѓаат: Извештаи (месечни, годишни) од сите медиуми кои се обработуваат во МИЦЖС, Настани / Кампањи кои ги организира Министерството, Закони / Подзаконски акти од областа на животната средина, Вести-Дневни информации за квалитетот на воздухот, Соопштенија и др. Треба да се напомене дека на Web страната се наоѓаат и голем број на Web адреси на институциите кои се занимаваат со животната средина како во земјава така и во странство и тоа претставени како линкови до нивните Web страни.
Министерството покрај македонска верзија на сајтот има англиска и албанска верзија на Web страната.
– Проекти – www.uslugi.gov.mk , www.exim.gov.mk и ” Граѓански дневник ”
http://www.uslugi.gov.mk/ListaUslugi.aspx?OrganID=6ECE4E4D91DA40C28DA477E388066385
- Администрирање на делот на услугите кои Министерството за животна средина и просторно планирање на порталот на Владата на РМ www.uslugi.gov.mk ги наведува како услуги кои се достапни на сите правни и физички лица, граѓанските здруженија и други асоцијации
- Редовно прегледување на содржините на порталот www.uslugi.gov.mk за поставени прашања од страна на граѓани и здруженија
- EXIM (Едношалтерски систем за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки и тарифни квоти) овозможува електронско поднесување на барањата за дозволи за увоз, извоз и транзит од страна на деловната заедница, како и електронско издавање на дозволите од страна на надлежните институции. Преку системот, подносителите можат да го следат статусот на процесирање на нивните барања, се до нивното конечно издавање.
- Администрирање на порталот EXIM на делот кои се однесува на МЖСПП, овозможување континуиран и непречен пристап до системот, овозможување на VPN конекција до главниот сервер на EXIM кој се наоѓа во ЦУРМ, инсталирање на дигитални сертификати како и техничка подршка за странките апликанти во EXIM и за операторите од МЖСПП.
- Врз основа на член 49 став (1) и член 55 став (1) од Законот за организација и работа на органите на државната управа (“Службен весник на Република Македонија” бр.58/2000 и 44/2002), а во врска со Заклучоците на Владата на РМ, донесени на Дваесет и првата седница одржана на 05.12.2006 год. Министерот за животна средина и просторно планирање донесува” Граѓански дневник “на МЖСПП.
- Целта на Граѓанскиот дневник е да придонесе кон подобрување на квалитетот на јавните услуги преку дефинирање на начинот и стандардите во давањето на услугите, вклучувајќи го видот на услугите, рокот како и системот на коментари, жалби и поплаки. Крајна цел на Граѓанскиот дневник е да се подобрат односите помеѓу администрацијата и граѓаните и да се обезбеди задоволство кај граѓаните со работата на Министерството за животна средина и просторно планирање.
– Развој на Националниот информациски систем за животна средина (НИСЖС) е континуиран процес кој ги опфаќа следните аспекти:
- Имплементација на Стратегијата за управување со податоци за животната средина усвоена од Владата на РМ, која ги дефинира стратешките приоритети во развојот на НИСЖС од институционален, технички и технолошки аспект;
- Спроведување на Високо приоритетниот акционен план изготвен во рамките на Проектот “Зајакнување на управувањето со животната средина”, во кој се дефинирани конкретните краткорочни и среднорочни чекори за развојот на НИСЖС.
- Отпочнување со тендерскиот процес за развој на софтверска апликација како поддршка на тематската област Квалитет на воздух, врз основа на изготвената функциска и апликациска спецификација;
Усвојување на предложените измени на Член 40 од Законот за животна средина со кој сите субјекти кои поседуваат податоци за животната средина ќе се обврзат истите да ги доставуваат до МЖСПП, односно МИЦЖС, со што ќе се во единствен национален тек
– Администрирање на web сервисите на МЖСПП
- Администирирање на портал за квалитет на воздухот http://аirqualty.moepp.gov.mk
- Администирирање на портал за waste managament http://ewmis.moepp.gov.mk
- Администирирање на портал за биодиверзитет nbis.moepp.gov.mk
- Администирирање на портал за мали хидроцентрали http://shpp.moepp.gov.mk
- Администирирање на портал за регистар на загадувачи http://ripz.moepp.gov.mk
- Администирирање на портал за електронско издавање на дозволи за отпад http://wme.moepp.gov.mk
- Администрирање на CIRCA (workgroup софтвер) инсталиран на EIONET серверот
Согласно законската регулатива центарот ги собира сите информации за состојбата со животната средина, од самомониторингот на разни институции и други извори како и од сопствениот мониторинг, и ги прави достапни на јавноста преку својот електронски информативен систем (преку WEB страната на МЖСПП), како и преку соодветни информативни материјали: брошури, извештаи и слично. МИЦЖС на тој начин обезбедува централна архива на податоци за сите медиуми во животната средина, а кои можат да ги користат сите заинтересирани кои работат на проблематиката за заштита на животната средина во Република Македонија.
Основна функција на МИЦЖС е да обезбедува релевантни и правилно обработени (систематизирани и стандардизирани), сеопфатни, прецизни, транспарентни и јавно достапни информации за состојбата, квалитетот и трендовите во сите сегменти на животната средина (вода, воздух, бучава, почва, отпад).
Како други позначајни функции на МИЦЖС можат да се напоменат:
- Употреба и канализирање на податоци од други информативни центри и статистички системи: географски, топографски, популациски, економски и др.;
- Собирање податоци од разновидна природа, како поддршка за главната активност;
- Собирање, систематизација, анализа, обработка и презентација на специфични информации за состојбата, квалитетот и трендовите во животната средина (видови, параметри за следење, извори, доставувачи, формати, методологии за проценка на квалитетот, опрема, хардвер, софтвер, бази на податоци, системска структура, безбедност и др.).
- МИЦЖС е исто така одговорен за спроведувањето на ИТ стратегијата, обезбедувањето техничка поддршкаи одржување на системот.
Покрај тоа МИЦЖС е активно вклучен и во соработката со останатите ресорни органи на државната управа и другите партнери кои као една од своите цели ја имаат и заштитата на животната средина.