MK – НИ 105

СТАПКА НА ОБНОВУВАЊЕ ИЛИ ГОРЕЊЕ НА ОТПАД ОД ПАКУВАЊЕ, ВО ИНСТАЛАЦИИ ЗА ГОРЕЊЕ ОТПАД СО ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ЕНЕРГИЈА strelki
Дефиниција

Стапка на обновување или на горење во инсталации за горење отпад со обновување на енергија е вкупната количина отпад од пакување преработена, односно обновена или изгорена во инсталации за горење отпад со обновување на енергија поделена со вкупната количина отпад создадена од пакување. Со овој индикатор се следaт стапките на обновување или горење во инсталации за горење отпад со обновување на енергија односно напредокот во остварување на националните цели за обновување.

Единици
  • Процент (%)
Клучно прашање

Каков тренд покажува стапката на обновување или горење во инсталации за горење отпад со обновување на енергија?

Клучна порака

Во Република Северна Македонија, во периодот од 2011 година до 2021, стапката на обновување или на горење во инсталации за горење отпад со обновување на енергија, бележи постојан тренд на зголемување и тоа за 4 пати во разгледуваниот периодсо многу мали флуктуации во периодот 2019 и 2020 година каде количината на преработка со операции на обновување или со операции на енергетска преработка била помала.

Вкупниот процент на обновување или на горење во инсталации за горење отпад со обновување на енергија во Република Северна Македонија за 2021 година изнесува 49,11%, каде Националните цели за постапување со отпад од пакување се далеку од исполнување иако истите се стремат кон постигнување.

Графикон 1. Тренд на обновување или горење на отпад од пакување во инсталации за горење отпад со искористување на енергијаCSI 105 Otpad2022 MK

 

 

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Министерство за животна средина и просторно планирање

Оценка

Со овој закон се уредуваат барањата за заштита на животната средина и здравјето на луѓето кои треба да ги исполнува пакувањето при производство, пуштање на пазар и постапувањето со отпадот од пакување што ги опфаќа обврските на економските оператори и другите субјекти кои учествуваат во процесот на производство и пуштање на пазар на пакувањето, барањата за собирање, повторна употреба, преработка, рециклирање и отстранување, како и други услови за постапување со отпадот од пакување, известувањето и економските инструменти за постигнување на целите за собирање, преработка и рециклирање на отпадот од пакување.

Во Република Северна Македонија, во периодот од 2011 година до 2021, стапката на обновување или на горење во инсталации за горење отпад со обновување на енергија, бележи постојан тренд на зголемување и тоа за 4 пати во разгледуваниот периодсо многу мали флуктуации во периодот 2019 и 2020 година каде количината на преработка со операции на обновување или со операции на енергетска преработка била помала.

Вкупниот процент на обновување или на горење во инсталации за горење отпад со обновување на енергија во Република Северна Македонија за 2021 година изнесува 49,11%, каде Националните цели за постапување со отпад од пакување се далеку од исполнување иако истите се стремат кон постигнување.

Следејќи го позитивниот тренд на обновување или горење на отпад од пакување во инсталации за горење отпад со искористување на енергија, може да се каже дека за да се достигнат предвидените цели од Законот за пакување и отпад од пакување, останува голем предизвик, поради тоа што не сите производители се вклучени во системот за извесување за пуштен на пазар отпад од пакување.

Напоменуваме дека овој извештај е изработен врз основа на податоците на колективните, самостојните и многу мал дел од производителите кои доставуваат податоци до Министерството.

Методологија
    • Методологија за пресметка на индикаторот

Индикаторот се изработува врз база на Правилникот за формата и содржината на образецот на годишниот извештај за видот и количината на пакувањата што се пуштиле или увезеле на пазар во Република Македонија во претходната календарска година и за постапување со отпад од тие пакувања, формата и содржината на образецот на производствената спецификација, формата и содржината на образецот на евиденцијата за вкупното пакување кое е пуштено на пазар или увезено во Република Македонија како и начинот на кој се води евиденцијата и Правилник за начинот на водење, формата и поблиската содржина на базата на податоци и информативниот систем за пакување и отпад од пакување.

Вкупната количина на отпад од пакување преработена односно обновена или изгорена во инсталации за горење отпад со обновување на енергија поделена со вкупната количина на отпад создадена од пакување. Количините се од колективни постапувачи, самостојни постапувачи и мали производители.

Истотака треба да се напомене дека согласно новиот закон треба да произлезат и нови подзаконски акти

Цели

Во 2021 година е донесен нов закон за управување со пакување и отпад од пакување(сл.весник бр.215)

Согласно националните цели од новиот закон од став(4) точка:

2) до крајот на 2021 година најмалку 60% од тежината на отпадот од пакувањето што е создаден на територијата на Република Северна Македонија, треба да се преработи со операции на обновување или операции на енергетска преработка;

Обврска за известување
  • EUROSTAT
  • Годишен извештај од обработени податоци за животна средина
Општи мета-податоци
Тема Отпад Поврзаност со други теми/сектори Климатски промени, Кружна економија, Индустрија
Код на индикаторот MK НИ 105 Временска покриеност 2011-2021
Име на индикаторот Стапка на обновување или

На горење во инсталации

за горење отпад со искористување на енергија

Извор на податоци Министерство за животна средина и просторно планирање
Класификација по ДПСИР П Датум на последна верзија 05.09.2022
Тип Б Подготвено/ ажурирано од: Арминда Рушити
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта: a.rushiti@moepp.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 105 Стапка на обновување или

на горење во инсталации

за горење отпад со искористување на енергија

EEA – Европска агенција за животна средина нема еквивалент
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа нема еквивалент
Каталог на индикатори за животна средина 168а – Recovery rates for packaging waste (Eurostat_ten00062))
SDG – Цели за одржлив развој 12, Responsable consumtion and production
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија да
Последна измена:  понеделник ноември 21st, 2022