ОТПАД ОД ЕЛЕКТРИЧНА И ЕЛЕКТРОНСКА ОПРЕМА |
Овој индикатор ни ја претставува електричната и електронска опрема (ЕЕО) која е пуштена на пазар и отпадот од електрична и електронска опрема (ОЕЕО) која е собрана и третирана. Целта на овој индикатор е да ја прикаже количината на ЕЕО која се наоѓа на пазарот и количината која по истек на својот животен век оди на понатамошен соодветен третман. Исто така со овој индикатор се прикажани и по категории на ЕЕО пуштена на пазар и собрана отпадна ЕЕО. Понатаму, се следи и исполнување на целта на собрана ЕЕО од 4kg/жител.
- Илјади тони (t), процент (%), Килограм на човек (kg/жител).
Колкава е количината на ЕЕО пуштена на пазар, собрана и преработена? Колкав е уделот по категории на EEO пуштена опрема на пазар?Каков е трендот на исполнување на целта на собран отпад од ЕЕО?
Електричниот и електронски отпад во Северна Македонија има официјални податоци од 2015 до 2021 година и од нив може да се види дека има благ позитивен пораст.
Во 2021 година процентот на собрана опрема изнесува 20,63% во однос на пуштената опрема на пазар и од нив преработени се 92%.
Во 2021 година по категории најголем дел на опремата пуштена на пазар е во делот на големи домашни апарати или 79%, па со голема разлика следиопремата за информациски технологии и телекомуникации со 6%.
Еден од предлозите за подобрување на податоците е да се подобрат и ажурираат Правилниците кои произлегуваат од законот за ЕЕО со што ќе се подобри начинот на собирање податоци како и начинот за нивното известување. Ланската, 2021 година беше донесен нов закон за отпадна електрична и електронска опрема кој е усогласен со европската директива и таму се поставуваат нови национални цели и за кои сеуште се чекаат правилниците за методолошката пресметка.
Графикон 1. Вкупни количини на ЕЕО по години во тони
Графикон 2. Удел на собраната и преработената опрема во однос на вкупната количина на EEO пуштена на пазар по годиниво проценти
Графикон 3. Пуштена опрема на пазар по категории за 2021 година
Опфат на податоци: excel
Извор на податоци: Годишните извештаи за управување со отпадна опрема од производителите кои ги доставуваат колективните постапувачи до МЖСПП, Државен завод за статистика.
Преку следење на текот на отпадот од ЕЕО може да се следат навиките и побарувачката за ЕЕ добра на потрошувачите. Исто така преку следење на отпадот од ЕЕО по истек на неговиот животен век може да се подобри целокупното управување со отпадот и да се придонесе кон кружната економија преку подобрување на неговото собирање, третман и рециклирање. Од приложените податоци може да се заклучи дека има пораст на опрема која е пуштена на пазарот, но исто така и пораст на собрана и преработена отпадна опрема.
Според обврските кои произлегуваат од Законот за ОЕЕО производителите се должни да остварат: бесплатнособирање на отпадната опрема од домаќинствата којаштотрговците ја преземаат од крајните корисници, бесплатнопреземање на отпадната опрема од домаќинствата која ворамките на одвоено собрани фракции на комунален отпад ја собираовластениот собирач, предавањена собрана отпадна опрема во собирните места, воинсталациите за третман, преработка и отстранување на остатоците одпреработка и информирањена крајните корисници за погоре наведеното.Производителите можат овие обврски да ги остваруваат самостојно или пак преку склучување на посебен договор со колективен постапувач кој ќе биде овластен во нивно име и за нивна сметка.
Во 2021 година од вкупно пуштена опрема на пазар од 15.641,76 t, само 20,63% биле собрани или 3.227 t, а преработени биле 92% од собраните или 2.971,97 t. Во однос на претходната година, количината на пуштена опрема изнесувала 15.001t и процентот на собрана опрема тогаш бил поголем, односно 24.14%или 3.620,81 t. Во однос на преработената опрема лани во 2020 година тој процент изнесувал 97%.Треба да се напомене дека во нашата држава не постојат лиценцирани инсталации за преработка на отпадна електронска и електрична опрема, така што преработката се однесува за количини кои се предадени на инсталации кои вршат складирање, како и физички и механички третман на ОЕЕО.
Во 2021 година најголем дел, односно 79% од пуштената опремасе однесува на големи домашни апарати и оваа бројка шест години по ред го задржува местото. Во оваа категорија се вклучува и подкатегоријата на фрижидери, замрзнувачи и клима уреди. Понатаму следи опремата за информациски технологии и телекомуникации со 6%.
На 3-ти август 2021 година се донесе нов закон за отпадна електрична и електронска опрема, кој е усогласен со европската директива (CELEX бр. 32012L0019). Во новиот закон сега се менува и бројот на категории на ЕЕ опрема и од постоечките 10 сега се намалуваат на 6. Тие се:
1) Категорија 1 – Опрема за температурна размена;
2) Категорија 2 – Екрани, монитори и опрема којаима екрани со површина поголема од 100 cm2;
3) Категорија 3 – Светилки;
4) Категорија 4 – Голема опрема;
5) Категорија 5 – Мала опрема;
6) Категорија 6 – Мала информатичко -комуникациска технологија и телекомуникациска опрема;
Во новиот закон зацртаната фиксна цел од 4 килограми собрана отпадна ЕЕ опрема по жител е заменета со нови национални цели за кои методологијата за нивната пресметка треба да ја пропише министерот кој раководи со органот за животна средина.
- Методологија за пресметка на индикаторот
Изработката на податоци е врз база на годишните извештаи за управување со отпадна опрема од производителите кои ги доставуваат колективните постапувачи според Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема. Се користи и Листа на видови на производи кои припаѓаат во категориите на електрична и електронска опрема. Понатаму се собираат и делат на проценти спрема категориите.
- Недоследност на методологијата
Напоменуваме дека прикажаните количини се однесуваат само на количините со кои постапуваат колективните постапувачи и можно е во оптег да има и поголеми количини, кои потекнуваат од самостојните постапувачи. Во однос на поднесените извештаи сеуште фали унифицирано прикажување на податоците по пат на правилници кои ќе се однесуваат конкретно само за отпадот од електрична и електронска опрема. Исто така недостасува и прилагодување и повторно ревидирање на целите кои би соодвествувале со нашите потрошувачки навики.
Општи цели се намалување до најмало можно ниво на негативното влијание на отпадната електрична и електронска опрема врз животната средина и врз човековото здравје и унапредување на стандардите за животна средина од страна на производителите, трговците и крајните корисници во текот на животниот циклус на производите, а особено при третманот, преработката и отстранувањето на ОЕЕО.
Новите национални цели донесени на 3ти август 2021 за собирање на отпадна опрема од просечната маса на опремата пуштена на пазарот во претходните три години се:
- во 2022 година – 25%,
- во 2023 година – 30%,
- во 2024 година – 35%,
- во 2025 година – 40%,
- во 2026 година – 45%,
- во 2027 година – 55%,
- во 2028 година – 65%.
Од 1 јануари 2028 година производителот е должен, за одделно собраната отпадна опрема да ги постигне најмалку следниве цели за повторна употреба, рециклирање и преработка на отпадната опрема по категориите на опремаи тоа:
1) за отпадна опрема која спаѓа во Категориите 1, 3и 4
– 85 % се преработува и
– 80 % се подготвува за повторна употреба и се рециклира;
2) за отпадна опрема која спаѓа во Категоријата 2 од
– 80 % се преработува и
– 70 % се подготвува за повторна употреба и се рециклира;
3) за отпадна опрема која спаѓа во Категориите 5 и6
– 75 % се преработува и
– 55 % се подготвува за повторна употреба и се рециклира;
4) за отпадна опрема која спаѓа во Категоријата 3 од
– 80 % се рециклира
- Годишен извештај од обработени податоци за животна средина
Тема | Отпад | Поврзаност со други теми/сектори | Економија на ресурси, Кружна економија |
Код на индикаторот | MK НИ 102 | Временска покриеност | 2015-2021 |
Име на индикаторот | Отпад од електрична и електронска опрема | Извор на податоци | Годишни извештаи за управување со отпадна опрема од производителите кои ги доставуваат колективните постапувачи до МЖСПП, Државен завод за статистика |
Класификација по ДПСИР | П | Датум на последна верзија | 05.07.2022 |
Тип | А | Подготвено/ ажурирано од: | Ана Димишкова |
Фреквенција на публикување | Годишно | Контакт | e-пошта: a.dimishkova@moepp.gov.mk |
МК НИ 102 Отпад од електрична и електронска опрема | EEA – Европска агенција за животна средина | CSI 052 Waste electrical and electronic equipments |
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа | I3/117 Waste reuse and recycling | |
Каталог на индикатори за животна средина | 164. Recycling rate of e-waste | |
SDG – Цели за одржлив развој | 12. Ensure sustainable consumption and production patterns | |
GGI – Индикатори за зелен раст | да | |
Кружна економија | да |