МК – НИ 062

ЕМИСИЈА НА ТЕШКО РАЗГРАДЛИВИ ОРГАНСКИ ЗАГАДУВАЧКИ СУПСТАНЦИ – диоксини и фурани (PCDD/PCDF) smile1 strelki
Дефиниција

Овој индикатор ги следи трендовите на диоксини и фурани (Polychlorinated dibenzo-p-dioxins (PCDD), dibenzofurans (PCDF)).

Единици
  • g I-TEQ / година (грами на токсичен еквивалент на година)
Клучно прашање за политиката

Каков прогрес е направен во редукција на вкупните емисии на диоксини и фурани во Република Северна Македонија?

Клучна порака

Во 1990 година вкупните национални емисии на PCDD/PCDF изнесуваа 19.82 g I-TEQ. Во 2020 година емисиите изнесуваат 8.64 g I-TEQ и се намалени за 56% споредено со 1990 година што претставува значителен напредок во намалувањето на вкупните емисии на диоксини и фурани.

Специфично прашање за политиката

Кои различни сектори и процеси имаат учество во емисиите на PCDD/PCDF ?

Главен извор на емисии на PCDD/PCDF во 2020година е категоријата 1.А.4 – Други сектори- Домаќинства и административни објекти со удел од 74%. Помало учество во вкупната емисија на диоксини/фурани имаат категоријата 1.А.2 – Согорување во производни индустрии и градежништво со удел од 10%. Категоријата 2 Индустриски процеси е со удел од 7%, а категориите Производство на енергија, Транспорт и Отпад со околу 3%, 2% и 3% соодветно. Останатите сектори се незначителни извори на емисии на PCDD/PCDF.

Оценка

Вкупните национални емисии на PCDD/PCDF во 1990 година изнесуваа 19.82 g I-TEQ. Во 2020 година вкупните емисии изнесуваат 8.64 g I-TEQ и во однос на 1990 година се намалени за 56%, додека во однос на 2019 година се намалени за 7%.

Трендот на вкупните годишни емисии на PCDD/PCDF во периодот 1990-2020 година е прикажан на следниот графикон.

Графикон 1. Тренд на вкупни емисии на PCDD/PCDF во периодот 1990-2020 годинаCSI 062_PCDD-F_2022_MK_g1

 

Трендот може да се подели на три дела и тоа: период 1990-2000 година кога трендот е генерално постојан, секако со одредени мали флуктуации. Вториот период започнува од 2000 година, кога се забележува зголемување на емисиите заради започнување на процесот на инценерација на медицински отпад во 2000 година и трае со флуктации се до 2018 година кога е поставен воден филтер. Од механичкиот фаќач на PM честици гасовите поминуваат низ водена магла (водена магла се постигнува со помош на пумпа) со што се завршува процесот на прочистување на гасовите. Согласно забелешките на Ревизијата применето е повисоко ниво на пресметка на емисиите и примена на емисиони фактори кои произлегуваат на ЕМЕП Упатство за 2009 година каде е наведена примената на ваков тип на редукција.Оценката на уделите на различните сектори во 2020година е направена преку пресметка на емисиите по NFR категории. Уделот на клучната категорија 1.A.4 – Други сектори која се однесува на согорување на фосилните горива во домаќинствата и административните објекти во вкупните емисии на овие загадувачки супстанци за 2020 година може да се увиди и од приказот на Графикон 2.

Графикон 2: Удел во вкупните национални емисии на PCDD/PCDF по NFR категории во 2020годинаCSI 062_PCDD-F_2022_MK_g2

 

Главни извори на емисии на PCDD/PCDF во целиот период 1990-2020 година се NFR категориите 1.А.4 – Други сектори и тоа главно согорување на фосилни горива, пред се дрва, во домаќинствата и административните објекти и 5-Отпад. Во 1990 година овие категории учествуваат во вкупните емисии на диоксини/фурани со удели од 65% и 1%, додека во 2020 година, нивните удели се 74% и 3%, соодветно. Во 2020 година емисиите NFR категоријата 1.А.4 – Други сектори во однос на 1990 година се намалени за половина, односно за 56%, а во однос на 2019 година за 7%. NFR категоријата 5-Отпад особено висок удел во вкупните емисии на овие загадувачки супстанции имаше во периодот 2001-2017 година. Во 2017 година уделот во вкупните емисии од оваа категорија изнесуваше 83%.

На следниот графикон е прикажан тренд на емисии на овие загадувачки супстанци во периодот 1990-2020 година по NFR категории.

Графикон 3. Eмисии на PCDD/PCDF по NFR категории на годишно ниво во периодот 1990-2020 годинаCSI 062_PCDD-F_2022_MK_g3

 

Од направените анализи и прикажаниот графикон може да се изведат следните заклучоци:

Како главни извори на емисии на PCDD/PCDF може да се утврдат NFR категориите Отпад, Согорување на горива во домаќинствата и административните капацитети и индустриските процеси.

Согорувањето на горива во домаќинствата и административните капацитети и индустриските процеси, е клучен извор во период од 1990-1999 година, а воедно и во 2020 година. Во 2020 година оваа категорија учествува со 74%, а намалувањето на емисиите во однос на 1990 и 2019 година изнесува 56% односно 7%.

Категоријата отпад е клучен извор на емисија на овие загадувачки супстанци во период од 2000 до 2018 година, додека во останатиот период клучни се другите две споменати категории. Оваа категорија пак во 2020 година учествува со 3%, а се забележува зголемување на емисиите во однос на претходната година од 4%.

Од друга страна пак, категоријата Индустриски процеси која во 1990 година учествуваше со 27% во вкупните емисии во 2020 година, учествува само со 7%. Во 2020 година емисиите од оваа NFR категорија во однос на 1990 година се намалени за 88%, додека во однос на 2019 година за 27%. Причината за ваквото однесување лежи во тоа што во целиот период 1990-2020 година во емисиите од оваа категорија главно учество имаат две подкатегории и тоа Производство на железо и челик со околу 50% и Производство на цинк (Топилницата во Велес) од околу 45%. По престанокот на работа на Топилницата во 2004 година, почнувајќи од 2005 до 2020 година главен извор за емисии на диоксини/фурани од NFR категоријата 2 Индустриски процеси останува само подкатегоријата Производство на железо и челик.

NFR категоријата 1.А.2 – Согорување во производни индустрии и градежништво во вкупните емисии на диоксини/фурани во 1990 година учествуваше со 5%, додека во 2020 година, нејзиниот удел е зголемен и изнесува 10% соодветно. Во 2020 година емисиите од оваа NFR категорија во однос на 1990 година се незначително намалени, додека во однос на 2019 година се намалениза 32%.

Останатите NFR категории се незначителни извори на емисии на PCDD/PCDF.

Во однос на исполнување на барањата од зацртаните цели согласно националните и меѓународните документи може да се заклучи следното: Во однос на Протоколот кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување на воздухот од 1979 година за контрола на испуштањето перзистентни органски загадувачи, според кој емисиите во годината n-2 (каде n e тековната година) треба да не ги надминуваат емисиите во базната година (која за нашата земја е 1990 година), нашата земја е во согласност со овој протокол во однос на пресметаните емисии на диоксини и фурани (PCDD/PCDF) за 2020 година.

Опфат на податоци: excel_1, excel_2

Извор на податоци: Министерство за животна средина и просторно планирање

Користените податоци се вкупните национални емисии и емисиите категоризирани по NFR категории кои ЕЕА земјите членки и земјите соработнички ги доставуваат до ЕЕА и Секретаријатот на Обединетите нации. Податоците се достапни по земја на следната веб страна: https://cdr.eionet.europa.eu/mk/un/clrtap/inventories/envyixaja/. Податоците користени во овој извештај се во согласност со испратените податоци до меѓународни организации.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Методологијата на пресметка на овој индикатор се базира на пресметани национални емисии и емисии по NFR категории на овие загадувачки супстанци кои се репортирани до ЕЕА (Европска агенција за животна средина) и UNECE/EMEP (Економската програма на Обединетите нации за Европа/ Кооперативната програма за мониторинг и евалуација за прекуграничен пренос на аерозагадување кон Конвенција за прекуграничен пренос на аерозагадувањето) во февруари 2022 година.

Пресметките се во согласност со Упатствата на ЕМЕП/ЕЕА за инвентаризација на емисии во воздухот од 2009, 2013, 2016 и 2019 година. Во упатствата се дадени емисиони фактори кои се користени во пресметките со исклучок на енергетскиот сектор каде пресметките се направени со користење на национални специфични фактори или примена на податоците од извршените мерења за период 2008-2020 година за основните загадувачки супстанци за NFR категоријата 1.А.1.а, кој се однесува за постројки за производство на електрична и топлинска енергија.

  • Извор за користената методологија

Методологијата која се користеше при пресметка и приказ на овој индикатор е дадена во EMEP/EEA Упатствата за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух од 2009, 2013, 2016 и 2019 година кои можат да се најдат на следните линкови (http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2009, http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-emission-inventory-guidebook-2013, http://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2016 и https://www.eea.europa.eu/publications/emep-eea-guidebook-2019).

Цели

Во согласност со барањата од националните и меѓународните документи во однос на емисијата на диоксини и фурани (PCDD/PCDF) зацртани се следните цели:

  1. Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на загадување на воздухот
  • воведена е инвентаризација по EMEP/EEA Упатството за инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздух, која како цел има редовна инвентаризација на PCDD/PCDF, во g I-TEQ (грами на токсичен еквивалент) на година, по принципот n-2, каде n е тековната година.
  1. Протокол кон Конвенцијата за далекусежно прекугранично загадување на воздухот за перзистентни органски загадувачи
  • националните вкупни емисии на PCDD/PCDF во период 1990 – (n-2) година (n е тековната година) не треба да ги надминуваат вкупните емисии пресметани за 1990 година (која е земена како базна година)
Обврска за известување
  • Обврските за известување кон меѓународни договори-Конвенција на UNECE за прекуграничен пренос на аерозагадувањето (CLRTAP), како и Европската агенција за животна средина (ЕЕА)
  • Годишен извештај од обработени податоци за емисии во воздухот
  • Годишен извештај од обработени податоци за животна средина
Општи мета-податоци
Тема Воздух Поврзаност со други теми/сектори Климатски промени, Домаќинства, Отпад, Енергија,Транспорт, Здравство,Индустрија
Код на индикаторот MK НИ 062 – 3 Временска покриеност 1990-2020
Име на индикаторот Емисии на тешко разградливи органски загадувачки супстанци – диоксини и фурани (PCDD/F) Извор на податоци Министерство за животна средина и просторно планирање, Инвентар на емисии на загадувачки супстанци во воздухот за период 1990-2018 година
Класификација по ДПСИР П Датум на последна верзија 20.06.2022
Тип Б Подготвено/ажурирано од: Павле Малков
Александра Н.Крстеска
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта: p.malkov@moepp.gov.mk
A.Krsteska@moepp.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 062-3Емисии на тешко разградливи органски загадувачки супстанци – диоксини и фурани (PCDD/PCDF) EEA – Европска агенција за животна средина ND-170/AIR 002
Persistent organic pollutant emissions
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа A1/11 – Emissions of pollutants into the atmospheric air
Каталог на индикатори за животна средина 41 Persistent organic pollutant emissions (EEA_APE006)
SDG – Цели за одржлив развој 3 – 3.9.1: Mortality rate attributed to household and ambient air pollution
9 – 9.4.1: CO2 emission per unit of value added
11 – 11.6.2: Annual mean levels of fine particulate matter (e.g. PM2.5 and PM10) in cities (population weighted)
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија не
Последна измена:  вторник ноември 15th, 2022