МК – НИ 033

ПРИОРИТЕТНИ СУСПСТАНЦИ ВО РЕКИ smajli 1 logo-re
Дефиниција

Проценка на хемискиот статус на водите се врши со усогалсување со еколошките стандарди за приоритени супстанци и опасни приоритетни супстанци. Индикаторот ја илустрира сегашната состојба и трендовите во врска со средногодишните концентрации на приоритени супстанци во реките.

Единици
  • Средногодишни концентрации на олово(Pb) и кадмиум (Cd) изразени во µg/L
Клучно прашање

Дали се бележи растење на концентрациите на олово и кадмиум во реките?

Клучна порака

Од добиените податоци од мерењата, за периодот од 2014 до 2021 година, може да се забележи опаѓачки тренд на средногодишните концетрации на олово и кадмиум во реките, што укажува на подобрување на хемиската состојба на реките и усогласување со Стандардите за квалитет на животна средина во однос на овие параметри.

График 1. Кадмиум во реките во Република Северна МакедонијаCSI 033 Voda2022MK_g1

 

 

График 2. Кадмиум во реките по рекаCSI 033 Voda2022MK_g2

 

График  3.Oлово во реките во Република Северна МакедонијаCSI 033 Voda2022MK_g3

 

График  4.Олово во реките по рекаCSI 033 Voda2022MK_g4

 

 

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Управа за Хидрометеоролошки работи, Министерство за животна средина и просторно планирање

Оценка

Класификацијата на хемиската состојба на површинските води, во нашиот случај на реките, се врши преку следење на присуство, односно отсуство, на приоритетните супстанци и други загадувачки супстанци во водата, согласно Стандардите за квалитет на животна средина за приоритени супстанци и други загадувачи пропишани во националното законодавство.

Проценка на хемиската состојба на водите е потребно да се врши таму каде што се врши испуштање на приоритени супстанци и други загадувачки супстанци во водите. Од страна на Управата за Хидрометоролошки работи се врши мониторинг на олово и кадмиум во трите најголеми реки во државта и тоа на 5 мерни места долж реката Вардар и на две мерни места на река Брегалница и Црна река.

Квалитетот на реките во однос на разгледуваните приоритетни супстанци, следeн во периодот од 2014 – 2021 година, се движи од малку загадена до умерено еутрофична вода, која во природна состојба може да се користи за наводнување, а по соодветна обработка и во индустријата како технолошка вода. Она што може да се види од трендот е дека има намалување на концентраците на олово и кадмиум во разгледуваниот период, односно подобрување на хемискоит статус на испитаните реки, што укажува на подобрување на хемиската состојба на реките и усогласување со Стандардите за квалитет на животна средина во однос на овие параметри.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Пресметувањето на индикаторите се базира на методологијата утврдена со Eurowaternet, детерминирана од страна на Европскиот тематски центар за води при Европската агенција за животна средина.

Со овој процес дефиниран е начинот на селекција на мониторинг-станиците, утврден е видот на параметри кои се мониторираат како и нивната фреквентност на прибирање.

Цели

Избегнување на влошување на состојбата на водите и влијанијата кои предизвикуваат влошување на состојбата на водите и водните екосистеми како и постигнување на добра хемиска состојба на водите.

Обврска за известување
  • Годишно до Европската агенција за животна средина (EEA) за потребите нa WISE – SoE Water Quality
  • Годишен извештај од обработени податоци за животна средина
Општи мета-податоци
Тема Вода Поврзаност со други теми/сектори Отпад, Индустрија
Код на индикаторот MK НИ 033 Временска покриеност 2014-2021
Име на индикаторот Приоритетни супстанци во реки Извор на податоци Управа за хидрометоролошки работи
Класификација по ДПСИР С Датум на последна верзија 23.09.2022
Тип А Подготвено/ажурирано од: Аземине Шакири
Фреквенција на публикување Годишно Контакт a.shakiri@moepp.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 033 Приоритетни супстанци во реки EEA – Европска агенција за животна средина нема еквивалент
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа нема еквивалент
Каталог на индикатори за животна средина нема еквивалент
SDG – Цели за одржлив развој 6. Ensure availability and sustainable management of water and sanitation for all
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија не
Последна измена:  петок ноември 18th, 2022