MK – НИ 073

ВКУПНА ИЗЛОЖЕНОСТ НА БУЧАВА (ЦЕЛОДНЕВНА БУЧАВА) ВО ЖИВОТНAТА СРЕДИНА (Lдвн) strelki
Дефиниција

Индикаторот вкупна изложеност на бучава (целодневна бучава) во животнaта средина (Lдвн) преставува просечно еквивалентно ниво на бучава за периодот ден, вечер, ноќ или за едно деноноќие, на дефинираните мерни места за бучава, без оглед на изворот на бучава.

Исто така, индикаторот ја покажува и процентуалната распределба на интензитетот на бучава за периодот ден, вечер, ноќ (едно деноноќие), според опсегот на бучава.

Единици
  • Децибел – dB(A), процент (%)
Клучно прашање за креирање на политиката

Дали интензитетот на вкупната изложеност на бучава ги надминува пропишаните гранични вредности?

Клучна порака

Врз основа на обработените податоци може да се заклучи дека во целиот разгледуван период, на сите мерни места, интензитетот на комуналната бучава во животната средина во Скопје, Кичево и Куманово, за основниот индикатор Lдвн, е над препорачаното ниво од 53 dB (A). Максимално надминување на препорачаното ниво на целодневна бучава се забележува во Куманово, во сите години, надминувањето се движи помеѓу најниско 9,49 dB(A) и највисоко 23,82 dB(A).

Интензитетот на комуналната бучава во животната средина во Битола, за основниот индикатор Lдвн, скоро на сите мерни места има постојан тренд на благо покачување и намалување, но само на едно мерно место е под препорачаното ниво од 53 dB (A).

Разгледувано во однос на процентуалната распределеност на интензитетот на целодневна бучава, според опсегот на бучава, се забележува дека најголем процент од мерењата, 33%, се наоѓа во опсегот од 60-65 dB(A).

Исто така, споредено со препорачаната цел на Светската здравствена организација,интензитетот на целодневната бучава да не ја надмине вредноста од 53 dB (A), може да се заклучи дека овој процент е многу мал и изнесува околу 10,2%, вкупно за мерењата во анализираните градови, што укажува на тоа дека мерењата на интензитетот на бучава кој ја надминува вредноста од 53 dB(A) е доста висок и изнесува 89,8%.

График 1. Интензитет на бучава во животната средина во Скопје за основниот индикатор LдвнCSI 073 Ldvn MK 2022_g1

 

График  2. Интензитет на бучава во животната средина во Битола за основниот индикатор LдвнCSI 073 Ldvn MK 2022_g2

 

 

График  3. Интензитет на бучава во животната средина во Кичево за основниот индикатор LдвнCSI 073 Ldvn MK 2022_g3

 

График  4. Интензитет на бучава во животната средина во Куманово за основниот индикатор LдвнCSI 073 Ldvn MK 2022_g4

 

 

График  5. Процентуална распределба на интензитетот на бучава за период ден, вечер, ноќ (едно деноноќие), според опсегот на бучава, вкупно за анализираните градовиCSI 073 Ldvn MK 2022_g5

 

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Центри за јавно здравје (Скопје, Куманово и Битола)

Оценка

Од обработените податоци, на слика 1, 3 и 4, може да се забележи дека во целиот разгледуван период, на сите мерни места, интензитетот на комуналната бучава во животната средина во Скопје, Кичево и Куманово, за основниот индикатор Lдвн, е над препорачаното ниво од 53 dB (A).

Интензитетот на комуналната бучава во животната средина во Битола, за основниот индикатор Lдвн, скоро на сите мерни места има постојан тренд на благо покачување и намалување. Од податоците може да се забележи дека на 3 мерни места нивото на бучава не го надминува препорачаното ниво од 53 dB (A), во целиот разгледуван период. На едно мерно место нивото е под 53 dB (A), во целиот разгледуван период. На останатите четири мерни места нивото на бучава го надминува препорачаното ниво од 53 dB (A) и надминувањето се движи помеѓу најниско 0,42 dB(A) и највисоко 12,36 dB(A).

Разгледувано во однос на процентуалната распределеност на интензитетот на целодневна бучава, според опсегот на бучава, се забележува дека најголем процент од мерењата, 35%, се наоѓа во опсегот од 60-65 dB(A).

Споредено со препорачаната цел на Светската здравствена организација, интензитетот на целодневната бучава да не ја надмине вредноста од 53 dB (A), може да се заклучи дека овој процент е многу мал и изнесува околу 10,2%, вкупно за мерењата во анализираните градови, што укажува на тоа дека мерењата на интензитетот на бучава кој ја надминува вредноста од 53 dB(A) е доста висок и изнесува 89,8%.

Најчесто како последица на зголемено ниво на бучава се јавува нарушување на спиењето, вознемиреност кај населението, оштетување на слухот, кардиоваскуларни проблеми и влијае на психофизичката состојба. За да се подобри квалитетот на живеење на целото население потребно е да се преземат мерки и активности за спречување или намалување на бучавата.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Индикаторот за вкупна изложеност на бучава (целодневна бучава) во животнaта средина (Lдвн) се пресметува со следната равенка:

ravenka_bucava

каде што:

Индикаторот за бучава преку ден или дневно ниво на бучава – Lд претставува А-долготрајно просечно еквивалентно ниво на звук дефинирано во ISO 1996-2:1987, определено преку целокупните дневни периоди на една година.

Индикаторот за бучава во текот на вечерта или вечерно ниво – Lв претставува А-долготрајно просечно еквивалентно ниво на звук дефинирано во ISO 1996- 2:1987, определено преку целокупните вечерни периоди на една година.

Индикаторот за бучава преку ноќ или ноќно ниво – Lн претставува А-долготрајно просечно еквивалентно ниво на звук дефинирано во стандардот МКС ISO 1996-2:2010, определено преку целокупните ноќни периоди на една година.

При пресметките се земаат во предвид и останатите одредби од Правилникот за примената на индикаторите за бучава, дополнителни индикатори за бучава, начинот на мерење на бучава и методите за оценување со индикаторите за бучава во животната средина.

Центрите за јавно здравје вршат мерења на повеќе мерни места и тоа во:

  • Скопје, четиринаесет мерни места
  • Битола, осум мерни места
  • Кичево, седум мерни места
  • Куманово, десет мерни места

На секое мерно место вршени се четири пати по 50 мерења во текот на едно деноноќие. Две мерења во тек на денот од кои се пресметува индикаторот Lд, едно мерење навечер Lв и едно мерење во текот на ноќта Lн.

Периодот ден/вечер/ноќ е одреден согласно одредбите од Законот за бучава во животната средина, и тоа, денот трае 12 часа од 7:00 до 19:00 часот, вечерта трае 4 часа од 19:00 до 23:00 часот и ноќта трае 8 часа од 23:00 до 7:00 часот.

Ниво на бучава претставува вредност на измерениот звучен притисок или интензитет изразена во децибели dB (A).

Процентуалната распределба на интензитетот на вкупна изложеност на бучава, според опсегот на бучава, се добива врз основа на пресметаното А-долготрајно просечно еквивалентно ниво на звук определено опреку целокупните дневни периоди на една година, на сите мерни места.

Во националното законодавство нема дефинирани гранични вредности за интензитетот на вкупна изложеност на бучава (Lдвн), затоа во анализата е земено препорачаното ниво од 53 dB (A) од страна на Светската здравствена организација како гранична вредност.

Цели

Општите национални цели се пропишани во Законот за заштита од бучава во животната средина и се однесуваат на:

  • создавање здрави услови за животот на луѓето и заштита на животната средина од бучава,
  • преземање мерки и активности за избегнување, спречување или намалување на бучавата,
  • преземање на мерки за заштита од бучава која е наметната од блиската средина и предизвикува непријатност и вознемирување,
  • отстранување или намалување на штетните ефекти кои се последица од изложеноста на бучавата во медиумите и областите на животната средина и
  • обезбедување на основа за развивање на мерки за намалување на бучавата што ја емитуваат поголемите извори, особено патните, железничките и водните превозни средства и инфраструктура, воздухопловите, опремата што се користи на отворен простор и во индустријата, како и мобилните механички средства за работа.

Светска здравствена организација препорачува интензитетот на целодневната бучавата да не ја надмине вредноста од 53 dB (A).

Обврска за известување
  • Годишно до Европската агенција за животна средина
  • Годишен извештај од обработени податоци за животна средина
Општи мета-податоци
Бучава Бучава Поврзаност со други теми/сектори Почва и користење на земјиште, Транспорт, Здравство, Домаќинства, Урбанизам, Индустрија, Градежништво
Код на индикаторот MK НИ073 Временска покриеност 2010-2021
Име на индикаторот Вкупна изложеност на бучава (целодневна бучава) во животнaта средина (Lдвн) Извор на податоци Центри за јавно здравје (Скопје, Куманово и Битола)
Класификација по ДПСИР П Датум на последна верзија 02.09.2022
Тип А Подготвено/ ажурирано од: Катерина Николовска
Фреквенција на публикување Годишно Контакт e-пошта:
k.nikolovska@moepp.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 073 Вкупна изложеност на бучава (целодневна бучава) во животнaта средина (Lдвн) EEA – Европска агенција за животна средина IND-233/TERM 005 , CSI 051
Exposure of Europe’s population to environmental noise
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа нема еквивалент
Каталог на индикатори за животна средина 138, Population exposure to environmental noise
SDG – Цели за одржлив развој 3, 11 – Eurostat sdg_11_20
Population living in households considering that they suffer from noise, by poverty status
GGI – Индикатори за зелен раст не
Кружна економија не
Последна измена:  среда ноември 30th, 2022