МК – НИ 009

 

МК – НИ 009

РАЗНОВИДНОСТ НА ВИДОВИ

logo-re
Дефиниција

Индикаторот го покажува трендот на бројноста и дистрибуцијата на одбрани видови или групи на видови на национално ниво, како релативна оценка во однос на иницијалната година на отпочнување на мониторингот.

Во моментов, групи на видови што се земаат предвид се рибите, птиците и цицачите од фауната и виши растенија од флората.

Индикаторот го прикажува трендот на неколку избрани диви видови: ендемични риби (пелистерска поточна пастрмка), грабливи птици (орли, мршојадци, соколи), водни птици (црн штрк), потоа од цицачите-крупни ѕверови (кафеава мечка) и четинари (молика).

Единици

Број на видови, проценет број на единки за некои видови, односно распространетост (ha).

Клучно прашање за политиката

Каков е трендот на популациите на избрани видови растенија (молика), риби, птици и цицачи, кои се причините кои водат кон намалување на бројноста на истите?

Клучна порака

Според расположивите податоци се забележува тренд на намалување на бројноста на популациите кај сите разгледувани видови освен кај моликата, која во целиот разгледуван период е распространет на 1174 ha.

Се забележува дека со забраната за лов и спроведување неколку проекти и програми фокусирани на заштитата на кафеавата мечка, која спаѓа во знаменити видови, во периодот од 2012 до 2017 година бројноста на популацијата е стабилна.

 

Слика 1. Тренд на бројност и дистрибуција на клучни видови

Biodiverzitet_009_2018_gr1MK

Слика 2. Тренд на бројност и дистрибуција на знаменити видови

Biodiverzitet_009_2018_gr2MK

 

Слика 3. Тренд на бројност и дистрибуција на ендемски видови

Biodiverzitet_009_2018_gr3MK

Слика 4. Тренд на бројност и дистрибуција на останати видови

Biodiverzitet_009_2018_gr4MK

 

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци:  Micevski, B. (1998): Ornithofauna of Lake Prespa, Vest. Micevski, B. (2000): Ornithofauna of tree natural lakes in Macedonia (Lake PRespa, Ohrid and Doiran), Final Report, FNSM. Micevski B.& Nastov.A. (2002): Conservationa of migratory birds in Macedonia, National Report to CMS and AEWA, UNEP, Bonn. Grubac, B. & Velevski, M. (2004 -2010): Survey and monitoring of the status, breeding success and threats to the Egyptian Vulture in Macedonia- Report to BVCF/FZS; 2. Grubac B., Velevski M., Lisicanec T., Lisicanec E., Rolevski, D.& Andevski, J. (2007): Decrease of population size of the Griffon vulture Gyps fulvus in Macedonia and assessment of conservation measures. III Congress of Ecologists of Republic of Macedonia, 06-09.10.2007, Struga. Abstract Book, 101-102. Macedonian Ecological Society; 3. Македонско еколошко друштво и Фонд за дивата флора и фауна. Velevski, M & all. (2012): State of Birds of Macedonia- Report of BL International and MES,MK, Velevski.M. & all.(2013): Vulture conservation in Macedonia, in Balkan Peninsula and Adjacent Region, Vulture Conservation Fondation and Frankfurt Zoological Society. MEPP&Scientific Project Team: Fift National Report for Biodiversity in Macedonia, UNEP/CBD, 2015. Nastov, A. & Micevski,B. (2017): Tematic Report of conservation status of selected migratory fauna species: birds and mammals in MK (UNEP/CMS). MEPP&Project Team (2017): Final Report of distribution of population and conservation status of key selected flora and fauna species , EU IPA Project for NATURA 2000 in Macedonia (2017). Nastov, A&Micevski, B (2018): National Riport for implementation of Ramsar Convention in MK.

Оценка

Богатството и хетерогеноста на видовите и екосистемите се основни обележја на биолошката разновидност во Република Македонија. Според расположливите сознанија, тоа богатство вклучува импозантна бројка од 17.604 видови од кои над 976 видови се ендемити. Според анализите на богатството на биодиверзитетот на земјите во европскиот континент, Република Македонија се наоѓа на самиот врв на листата на држави познати како „European Hotspot”.

Орнитофауната на Република Македонија е претставена со 338 таксони (309 видови и 19 подвидови) птици.

На Европската црвена листа вклучени се 66 вида птици кои се среќаваат во Македонија. Исто така, идентификувани се 115 Емералд- видови птици (согласно Резолуција бр. 6 од Бернска конвенција) кои се присутни во Македонија.

Според расположивите податоци во категоријата на клучни видови (Слика 1) следена е популацијата на царскиот орел (Aquila heliaca). Се забележува дека во периодот од 2011 до 2017 година трендот е негативен така што бројот на репродуктивните двојки е паднат на 30 двојки, што претставува пад од 14,3%.

При следењето на трендот на бројност и дистрибуција на знаменити видови (Слика 2) разгледуван е еден вид цицачи (кафеава мечка) и два вида грабливи птици (белоглав и египетски мршојадец).

Од податоците може да се забележи дека бројноста на индивидуите на кафеавата мечка (Ursus arctos) се намалила за 30% од 1990 до 2010 година, но во периодот од 2012 до 2017 година е стабилна и изнесува 140 индивидуи.

Кај белоглавиот мршојадец (Gyps fulvus) се забележува тренд на намалување на бројноста на популациите, па така, во периодот од 2003 до 2017 година бројот на репродуктивните двојки се намалил од 24 на 10 двојки, што претставува пад од 58,3%. Исто така, бројот на популации на египетски мршојадец (Neophron percnopterus) се намалил од 36 на 14 двојки во периодот од 2004 до 2017 година, што претставува пад од 61%.

При следењето на трендот на бројност и дистрибуција на ендемични видови (Слика 3) разгледуван е растителен и еден животински вид.Од флористичкиот диверзитет како ендемичен растителен вид е издвоен петоигличестиот бор-молика (Pinus peuce), кој е анализиран 7 години (2011-2017). Неговиот статус не е променет, поточно е распространет на 1174 ha.

Од фаунистичкиот диверзитет анализиран е трендот кај популациите на еден вид ендемичка слатководна риба пелистерска поточна пастрмка (Salmo peristericus). Кај овој вид забележено е намалување на бројот на популациите во Брајчинска Река (НП Пелистер) од 200 на 100 репродуктивни индидуи, што претставува пад од 50%.

Од останатите видови (Слика 4) врз основа на расположливите податоци разгледувани се два вида и тоа степска ветрушка и црн штрк.

Кај степската ветрушка (Falco naumanni) најголем број на парови (1150) е забележан во 2003 година, за потоа да има опаѓачки тренд и во 2011 година изнесува 370 двојки. Овој број на репродуктивни двојки е константен до 2015 година, за потоа да се намали во 2016 и 2017 година на 360 двојки.

Кај црниот штрк (Ciconia nigra) бројот на парови покажува тренд на опаѓање со што од 30 репродуктивни двојки во 2011е паднат на 25 двојки во 2017 година и претставува пад од 16,7%.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

По случаен избор се избрани пробни квадранти (10-15) со површина од 1 км2 на кои е извршено пребројување на обичните видови птици, според методата на линиски трансект. Пребројувањето се вршеше во периодот на гнездење (15 април-15 јуни), со интензитет од две пребројувања годишно. Податоците се статистички обработени со што е утврден трендот на популациите на видовите на национално ниво.

За грабливите птици предвиден е целосен цензус на двојките во гнездото и одредување на нивниот успех во гнездото.

Извор за користена методологија: Применета е методологија што ја користи организација British Trust for Ornithology при спроведување цензус на птици во гнезда на територија на Обединето Кралство.

Релевантност за креирање на политиката

Листа на релевантни политички документи

Вториот национален еколошки акционен план во поглавјето за природа, ја нагласува целта за воведување интегрален систем за заштита на природата и биодиверзитетот, во согласност со стандардите на ЕУ и меѓународните договори. Една од предвидените акции за постигнување на целта е изработување национална програма за мониторинг на компонентите на биолошката разновидност и развивање национални индикатори за биодиверзитет.

Националната стратегија за биолошка разновидност со Акционен план, дефинира интегриран пристап кон заштитата и одржливото користење на компонентите на биолошката разновидност. Акциониот план ги опишува конкретните акции што треба да се преземат за да се постигнат целите. Во стратешката определба „Истражување и мониторинг“, вклучена е акција за развој на национални индикатори за биодиверзитет (Д.1.11).

Законска основа

Законот за заштита на природата пропишува организирање мониторинг на состојбата на природата. Методологијата за мониторинг треба да се пропише со подзаконски акт. Мониторингот на состојбата на природата се спроведува преку: мерење, следење, оценка и контрола на состојбата на видовите, нивните живеалишта, типовите живеалишта, еколошки значајните подрачја, екосистемите, пределските типови, следење и оценка на геолошките вредности и следење на состојбата со природното наследство.

Цели

Изнаоѓање на трендот на популациите за избрани видови птици и идентификување на причините кои водат кон намалување на бројноста на истите и развој и спроведување на мерки за запирање на негативниот тренд (придонес кон постигнување на Целта 2020 за спречување/намалување на загубата на биодиверзитетот до 2020 година).

Обврска за известување

– Секретраијат на UNEP/CBD, Секретаријат на UNEP/CMS, AЕWA, EUROBATS, Секретаријат BC/CE

Општи мета-податоци
Ознака Име на индикаторот Усогласеност со CSI ЕЕА или други индикатори Класификација по ДПСИР Тип Поврзаност со област Фреквенција на публикување
MKNI 009 Разновидност на видови CSI 009 Species diversity С Биолошка разновидност
Последна измена:  среда февруари 26th, 2020