ШУМИ И ШУМСКО ЗЕМЈИШТЕ |
Показателот ја покажува вкупната површина под шума и другите површини под шуми, односот на оваа површина во вкупната површина на земјата, како и учеството на шумските предели кои се природно обновени и пошумена површина, површина под шуми наменета за производство, како и шуми наменети за заштита на почвата, водата, екосистемот и биодиверзитетот.
Под поимот шума се подразбира шумски екосистем кој постои на шумско земјиште обраснато со шумски видови дрвја и грмушки, голини непосредно до шумата, како и други голини и ливади внатре во шумата, шумски расадници, шумски патишта, семенски плантажи, противпожарни просеки во шума, ветрозаштитни појаси на површина поголема од два ари, како и шума во заштитените подрачја.
Шумско земјиште e земјиште на кое има шума или кое поради своите природни својства е најповолно за одгледување на шума, како и земјиште на кое се наоѓаат објекти наменети за стопанисување со шумите.
Стопански шуми првенствено се користат за трајно производство на дрвни сортименти и други шумски производи и услуги.
Шуми во заштитените подрачја се прогласуваат согласно со Законот за заштита на природата.
– km2, ha и %.
Каков е трендот на вкупната површина под шума и другите површини под шуми?
Во разгледуваниот период, односот на вкупната површина под шума во вкупната површина на земјата, се движи помеѓу 35,5% и 40,8%, површината под шума била најголема во 2021, а најмала во 1990година. Во 2021 година има зголемување на вкупната површина под шума за 15% во однос на 1990.Во 2021 година во однос на 2019 година исто така се забележува зголемување на површините под шума за 0,7%.
За површина под шумско земјиште има податоци само од 2010 година. Уделот на површината на шумското земјиште во вкупната површина на земјата од 2010 до 2015 година пораснал за 56,0%, но потоа од 2016 до 2021 година опаѓа за 21,3%. Ова најверојатно се должи првенствено на штетите во шумите предизвикани од пожари и бесправна сеча.
Процентот на пошумена површина со нови шуми има променлив тренд на намалување и зголемување на површините, во однос на 1990 во 2021 година бележи значителен пад од 90,3%.
Во Република Северна Македонија неопходно е да се превземат конкретни мерки за одржливо управување со шумите, за да може да се постигне целта во 2020 година, уделот на површините со шуми и шумско земјиште во вкупната површина на републиката да изнесува 48,8%.
График 1. Удел на вкупната површина под шума и другите површини под шуми во вкупната површина на земјата
График 2. Удел на пошумена површина во вкупната површина на земјата
График 3. Удел на стопански, повеќенаменски шуми и површина на шуми во заштитените подрачја во вкупната површина на земјата
Опфат на податоци: excel
Извор на податоци: Државен завод за статистика
Шумите, освен стопанска, имаат и функција на заштита на природата преку заштита на биодиверзитетот и заштита од ерозија. Тие се од голема важност за одржливиот развој заради влијанието што го имаат врз климата, режимот на водите, производството на кислород и квалитетот на животната средина.
Во разгледуваниот период, односот на вкупната површина под шума во вкупната површина на земјата, се движи помеѓу 35,5% и 40,8%, површината под шума била најголема во 2021, а најмала во 1990година. Во 2021 година има зголемување на вкупната површина под шума за 15% во однос на 1990.Во 2021 година во однос на 2019 година исто така се забележува зголемување на површините под шума за 0,7%.
За површина под шумско земјиште има податоци само од 2010 година. Уделот на површината на шумското земјиште во вкупната површина на земјата од 2010 до 2015 година пораснал за 56,0%, но потоа од 2016 до 2021 година опаѓа за 21,3%. Ова најверојатно се должи првенствено на штетите во шумите предизвикани од пожари и бесправна сеча.
Процентот на пошумена површина со нови шуми има променлив тренд на намалување и зголемување на површините. Во периодот од 1990 до 2001 година има значителен пад од 52,8%, потоа, до 2003 година има пораст од 53,2%, па повторно пад од 37,3% до 2007 година. Најголем пораст има од 2007 до 2009 година од120.2%, за потоа да има и најголем пад од 90,3% до 2021 година.
Уделот на стопански шуми во вкупнатаповршина на шуми, во периодот од 2010 до 2021 година, има пораст од 10%, уделот на повеќенаменските шуми има пад од 2,1%, а уделот на површините на шуми во заштитените подрачја има пад од 2,3%, во вкупнатаповршина на шуми. Ова укажува на фактот дека зголемување има само кај шумите од кои има економски бенефит.
Постојаното намалување на светскиот фонд на шуми и шумско земјиште е еден од најголемите светски еколошки проблеми, со сериозно негативно влијание на климата, здравјето на луѓето, намалување на животинската популација како и на светската економија, за жал овој тренд се забележува и во Република Северна Македонија, па затоа е неопходно да се превземат конкретни мерки за одржливо управување со шумите, за да може да се постигне целта во 2020 година, уделот на површините со шуми и шумско земјиште во вкупната површина на Републиката да изнесува 48,8%.
- Методологија за пресметка на индикаторот
Показателите се добиваат од извештајните единици кои ги доставуваат со редовните статистички извештаи, со книговодствена евиденција, а се врз основа на посебните планови за стопанисување на шумите.
Согласно Просторниот план на Република Северна Македонија предвидено е зголемување на површините со шуми и шумско земјиште, односно, во 2020 година уделот во вкупната површина на Републиката да изнесува 48,8%.
- UNECE/FAO
- FOREST EUROPE, Извештај за „Состојба на шумите и одржливо управување со со шумите во Европа“
- FAO, Оценки на глобалните шумски ресурси (FRA)
Тема | Шумарство | Поврзаност со други теми/сектори | Воздух, Климатски промени, Вода, Почва и користење на земјиште, Природа, Земјоделство |
Код на индикаторот | MK НИ 052 | Временска покриеност | 1990-2021 |
Име на индикаторот | Шуми и шумско земјиште | Извор на податоци | Државен завод за статистика |
Класификација по ДПСИР | С | Датум на последна верзија | 01.11.2022 |
Тип | А | Подготвено/ажурирано од: | Катерина Николовска |
Фреквенција на публикување | Годишно | Контакт | e-пошта: k.nikolovska@moepp.gov.mk |
МК НИ 052 Шуми и шумско земјиште | EEA – Европска агенција за животна средина | нема еквивалент |
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа | D3. Forests and other wooded land | |
Каталог на индикатори за животна средина | 101 Share of forest area | |
SDG – Цели за одржлив развој | 15, Indicator 15.1.1 Forest area as a proportion of total land area Eurostat_sdg_15_10 Share of forest area | |
GGI – Индикатори за зелен раст | да | |
Кружна економија | не |