НАСЕЛЕНИЕ КОЕ НЕМА МОЖНОСТ ЗА СООДВЕТНО ЗАТОПЛУВАЊЕ НА ДОМОТ, СПОРЕД СТАТУСОТ НА СИРОМАШТИЈА |
Индикаторот го мери учеството на населението кое не е во состојба да обезбеди соодветно затоплување на домот и влијанието на сиромаштијата врз можноста за обезбедување на топол дом. Податоците се засновани на анкетно истражување и претставуваат предмет на лично согледување.
- Процент на население:
– вкупно
– под 60% од медијалниот национален еквивалентен приход и
– над 60% од медијалниот национален еквивалентен приход
Каква е зависноста на можноста на домаќинставта за соодветно затоплување на домот од располжливоста на приходите, и дали тоа влијае на употребата на чиста енергија?
Употребата на обновлива енергија забавува, а енергетската зависност континуирано се зглемува. И покрај тоа, во текот на 2020 година 23,8% од вкупното население живеело во домаќинства кои не можеле да си дозволат соодветно затоплување на домоти претставува пик во разгледуваниот период, што во однос на европскиот просек (7,4%) навистина е загрижувачко. Дека сиромаштијата е потенцијален ризик фактор за употребата на чиста енергија покажува фактот дека дури 39,6% од населението кое е под линијата на сиромаштија не може да си дозволи соодветно затоплување на домот. Во 2020 година во однос на 2019 година има пад на процентот на население, од сите категории, кое не може да си дозволи соодветно затоплување на домот.
График 1. Учество на население кое не може да си дозволи соодветно затоплување на домот
Опфат на податоци: excel
Извор на податоци: Државен завод за статистика, http://www.stat.gov.mk , Анкета за приходи и услови на живеење
Обединетите Нации, преку Агендата 2030 и ЦОР 7, а врзано за заштита на животната средина, повикуваат на обезбедување на современи енергетски услуги, подобрена енергетска ефикасност и зголемена употреба на обновлива енергија. Употребата и достапноста на т.н чиста енергија е во директна зависност до расположливоста на приходите на населението. Оттука, индикаторот за соодветното затоплување на домот претставува еден од значајните аспекти на обезбедување на пристојни услови за живот и уште повеќе за премин кон употреба на енергија која нема да ја загрозува животната средина. Неможноста за обезбедување на топол дом е во директна врска со можноста за пристап до чиста енергија. Ова е особено важно во услови на транзиција кон карбо-неутрално општество за време на која се очекува цените на енергијата да се зголемат. Од аспект на расположливоста на приходите, да се биде во ризик од сиромаштија има силно влијание врз можноста на домаќинствата да го затоплат домот, уште повеќе врз достапноста на т.н чиста енергија.
Генерално употребата на обновлива енергија се намаува, а енергетската зависност континуирано се зголемува. Во такви услови, во текот на 2020 година 23,8% од вкупното население живеело во домаќинства кои не можеле да си дозволат соодветно затоплување на домот, што во однос на европскиот просек (7,4%) навистина е загрижувачко.
Дека сиромаштијата е потенцијален ризик фактор за употребата на чиста енергија покажува фактот дека во 2020 година, дури 39,6% од населението кое е под линијата на сиромаштија не може да си дозволи соодветно затоплување на домот.
Податоците за овој индикатор се прибираат со Анкетата за приходи услови на живеење (АПУЖ), која има за цел да се следат сиромаштијата и социјалната вклученост на населението, а се спроведува во согласност со регулативите на Европскиот парламент и на Советот на Европа (Регулатива ЕЗ бр.1177/2003 како основа). Хармонизираноста на прашалникот со кој се прибираат податоците со оваа регулатива овозможува споредливост на ниво на ЕУ.
Нема специфични цели.
- EUROSTAT
Тема | Домаќинства | Поврзаност со други теми/сектори | Климатски промени, Социо-економски услови, Енергија |
Код на индикаторот | MK НИ084 | Временска покриеност | 2010-2020 |
Име на индикаторот | Население кое нема можност за соодветно затоплување на домот, според статусот на сиромаштија | Извор на податоци | Државен завод за статистика, Анкета за приходи и услови на живеење |
Класификација по ДПСИР | П | Датум на последна верзија | 06.09.2022 |
Тип | А | Подготвено/ажурирано од: | Снежана Шиповиќ Катерина Николовска |
Фреквенција на публикување | Годишно | Контакт | e-пошта: snezana.sipovic@stat.gov.mk k.nikolovska@moepp.gov.mk |
МК НИ 084 Население кое нема можност за соодветно затоплување на домот, според статусот на сиромаштија | EEA – Европска агенција за животна средина | нема еквивалент |
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа | нема еквивалент | |
Каталог на индикатори за животна средина | нема еквивалент | |
SDG – Цели за одржлив развој | 1, 7 Eurostat sdg_07_60 Population unable to keep home adequately warm by poverty status |
|
GGI – Индикатори за зелен раст | не | |
Кружна економија | не |