GLOBE Проекти – примена во наставата

Валандово

Преку GLOBE учениците интерактивно ја совладуваат физиката

На 6-та Конференција на физичари, одржана од 14-17 септември, во Охрид, Стојан Манолев професор по физика од средното училиште “ Гоце Делчев од Валандово, на физичарите од Македонија, ги претстави можностите и искуства од искористувањето на GLOBE мерењата во реализација на проектните активности во областа природни науки, во средното образование.

ДСУ “ Гоце Делчев“  од Валандово е членка на GLOBE мрежата од 1999 година и до денес учениците од ова училиште имаат направено 7229 мерења на еколошки параметри.

Повеќегодишното искуство во имплементацијата на оваа меѓународна програма му овозможи на професорот Манолев, на мошне сликовит  и успешен начин да пренесе како со користење на  GLOBE методологијата се менува улогата и на наставникот и учениците во образовниот процес. Имено, наставникот од предавач се трансформира во ментор,  медијатор, водител, насочувач и обучувач на учениците во проектните активности, а на учениците им нуди можност да станат директни реализатори на проектниот циклус од негово планирање, откривање на проблеми (теми) како предмет на проучување, интердисциплинарна и интегрирана соработка, вовед во методологијата на истражување,  на избор и најпосле  и презентација на добиените резултати.

Презентацијата беше проследена со воодушевување, а апстракт од трудот е објавен кнага на апстракти.

Прилеп

Во мај 2006 година за време на одржувањето на годишната олимпијада организирана од Народна техника за млади истражувачи, два ученика од СОУ ,,Орде Чопела,, Димески Марјан и Димеска Маријана под менторство на професорката Наталија Ацеска го освоија второто место на државно ниво за темата ,,Бунарот во дворот замена за Студенчица,, од областа на екологијата.

Имено, проектот се состоеше од истражување на квалитетот на бунарската вода на приватните бунари со цел да се согледа дали таа вода би можела во одредени моменти да го замени изворот Студенчица, особено кога тој ја намалува штедроста. Значајно во сето тоа е што за целокупните анализи се користеа GLOBE протоколите од хидрологија, преку кои се направи комплетното истражување. Со овој проект GLOBE програмата уште еднаш ја покажа својата комплексност како и користа од неговата имплементација во едукативниот систем.