(06.06.2016) По повод 5-ти Јуни-Меѓународниот ден на животната средина, а во рамки на кампањата „ЕУ Разговори”, денеска се одржа дебата на тема „Париски договор-климатски промени и управување со водите” во која учествуваа претставници од владиниот сектор, граѓански организации и професори кои делуваат на полето на животната средина.
Министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети во своето обраќање истакна дека темите управување со водите и Договорот од Париз, се разгледуваат на оваа дебата затоа што истите ја засегаат не само нашата држава, туку и регионот и пошироко.
Притоа тој нагласи:
„Од аспект на управување со водите, наша цел е воспоставување управување со речни сливови и подобрување на состојбата во животната средина, како и зачувување на човековото здравје, преку подобрување на квалитетот на водите.
Специфични цели се:
- Целосно транспонирање на законодавството;
- Завршување на планови за управување со речен слив, вклучувајќи и идентификување на програма со мерки;
- Воспоставување на сеопфатен мониторинг систем на водите;
- Воспоставување на систем за процена, заштита и подготвеност во случај на поплави, справување и изработка на Планови за управување со ризици од поплави;
- Зголемување на степенот на инвестиции во однос на БДП (Бруто домашен производ) преку изградба на системи за собирање и третман на отпадни води;
- Обезбедување здрава вода за пиење за населението, преку современи системи за водоснабдување, воспоставени механизми за спроведување на начелото загадувачот плаќа.
Во делот на климатски промени, го потпишавме Договорот од Париз и ќе започнеме со процесот на негова ратификација.
За постигнување на овие цели, користиме средства преку Инструментот за пред-пристапна помош (ИПА), друга билатерална помош и соработка со меѓународни институции.“
На дебатата се обратиjaи заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Арбeр Адеми и амбасадорката на Франција, Н.Е. Лоренс Оер.