ПОТРОШУВАЧКА НА СУПСТАНЦИ ШТО ЈА ОСИРОМАШУВААТ ОЗОНСКАТА ОБВИВКА |
Супстанците што ја осиромашуваат озонската обвивка (ODSs) се соединенија кои предизвикуваат осиромашување на озонската обвивка. Во оваа група се вклучени CFCs, HCFCs, HВFCsCCl4, халони, метилхлороформ, метилбромид. Генерално, многу се стабилни во тропосферата, а се распаѓаат само под влијание на ултравиолетовото зрачење од сонцето во стратосферата. При распаѓањето се ослободуваат хлорни или бромни атоми кои ги уништуваат молекулите на озон во стратосферата.
Овој индикатор ја покажува потрошувачката на супстанците што ја осиромашуваат озонската обвивка (квантитативно) во Република Северна Македонија.
- Потрошувачката на ODSs е изразена во ODP тони, што значи количество во метрички тони (МТ) помножено со потенцијалот на осиромашување на озонската обвивка (ODP) за секоја супстанца поодделно.
Дали Македонија ги исполнува целите предвидени во Монтреалскиот протокол за редукција и елиминација на ODSs?
Имајќи го предвид степенот на елиминација на ODSs во Република Северна Македонија може да се каже дека процентот на елиминација на 100%, во разгледуваниот период, зборува за фактот дека нашата земја е многу понапред од обврските кои ги пропишува Протоколот.
График 1: Потрошувачка на супстанци што го осиромашуваат озонот (ODP t/год)
Забелешка: Имајќи го предвид фактот дека во Република Северна Македонија никогаш немало производство на ODSs, во графиконот се вградени податоци само за потрошувачка
Опфат на податоци: excel
Во согласност со податоците од Националната програма за елиминација на ODSs (1996) просечната потрошувачка на ODSs во периодот од 1995 до 1997 година изнесувала 527 тони. Овој просек, во согласност со одредбите на Монтреалскиот протокол, е земен за базичен при одредувањето на степенот на редукција во рамките на рестрикциите од Протоколот.
Може да се забележи тренд на опаѓање на потрошувачката на ODSs, во разгледуваниот период. Покрај елиминацијата на ODSs во индустријата (производство на фрижидери и производство на меки и цврсти пени), каде технологиите, кои пред 1997 година користеа супстанци што ја осиромашуваат озонската обвивка, заменети со non-ODSs решенија, реагирано е и во земјоделството со замена на метилбромидот со алтернативни решенија кои не предвидуваат употреба на ODSs, во сервисирањето и одржувањето на разладните уреди преку воведување на систем за собирање и рециклирање на ODSs. За оваа цел обезбедена е опрема за собирање и рециклирање на ладилни средства во земјата за сервисерите на разладни уреди и истите се обучени за добра пракса во сервисирањето на разладни уреди. Во истиот контекст извршена е и обука на цариници за контрола на увозот-извозот на супстанците што ја осиромашуваат озонската обвивка на граничните премини на Република Северна Македонија.
Националната акција за заштита на озонската обвивка во разгледуваниот период резултира со целосна елиминација на потрошувачката на супстанциите од Анексите А, Б, Ц (Група II) од Монтреалскиот протокол за супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка. Последната група на супстанции чија елиминација сеуште се спроведува е елиминацијата на HCFCs (хлорофлуоројаглеводороди). Во табелата подолу е дадена компарација на обврската за редукција и елиминација на овие супстанции и фактичката потрошувачка.
Година | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 |
Дозволена годишна потрочувачка на HCFCs ( ODP тони) | |||||||||
Основна потрошувачка
1.8 ODP тони |
1.71 | 1.62 | 1.53 | 1.44 | 1.35 | 1.26 | 1.17 | 1.08 | |
Фактичка потрошувачка | 0.72 | 0.57 | 0.18 | 0.27 | 0 | 0.26 | 0.64 | 0.37 | 0 |
HCFC-супстанциите се под перманентна контрола и мониторинг на МЖСПП/Канцеларија за заштита на озонската обвивка, така што потрошувашената количина е под количината дозволена од националната легислатива (Наредба за ограничување на увозот на супстанциите кои ја осиромашуваат озонската обвивка, „Службен весник на РМ“ бр. 111/21) и одредбите на Монтреалскиот протокол.
- Методологија за пресметка на индикаторот
Индикаторот го покажува количеството на потрошени ODSs. До вредноста е дојдено кога вредноста на потрошеното количество изразено во метрички тони е мултиплицирано со потенцијалот на осиромашување на озонската обвивка (ODP). Во следната табела дадени се вредностите на ODP за супстанците кои наоѓаат примена во Северна Македонија и чија потрошувачка се редуцира или контролира. Министерството за животна средина и просторно планирање/Канцеларијата за заштита на озонската обвивка располага со податоци за потрошувачката како во метрички, така и во ODP тони.
ODSs | CFC-11 | CFC-12 | CFC-113 | CFC-114 | CFC-115 | CFC-111 | CCl4 | Halon 1211 | Halon 1301 | HCFC-22 | HCFC-141b | Метилбромид |
Вредност на ODP | 1 | 1 | 0,8 | 1 | 0,6 | 1 | 1,1 | 3 | 10 | 0,055 | 0,11 | 0,7 |
Со ратификацијата на Виенската конвенција за заштита на озонската обвивка и Монтреалскиот протокол за супстанците што ја осиромашуваат озонската обвивка преземени се низа политички мерки за непречена редукција и елиминација на потрошувачката на ODSs во Република Северна Македонија.
Со ратификацијата на Монтреалскиот протокол и неговите амандмани Република Северна Македонија ги презеде сите обврски кои произлегуваат од овој документ. Во согласност со обврските кои произлегуваат од него, временската рамка за елиминација на ODSs е следната:
Монтреалски протокол | Контролирани супстанци кои се користат во Република Македонија | Обврски на Република Македонија (како земја класифицирана во член 5 од Монтреалскиот протокол) | |
Анекс | Група | ||
A | I | CFC-11 CFC-12 CFC-115 |
База: Просек од потрошувачката во 1995-1997 Замрзнување : 1 јули 1999 50% редукција : 1 јануари 2005 85% редукција : 1 јануари 2007 100% редукција : 1 јануари 2010 |
II | Халон-1211 Халон-1301 Халон-2402 |
База: Просек од потрошувачката во 1995-1997 Замрзнување : 1 јануари 2002 50% редукција : 1 јануари 2005 |
|
С | I | HCFC-22 HCFC-141b |
База: Потрошувачка во 2009-2010 Замрзнување : 1 јануари 2013 10% редукција : 1 јануари 2015 35% редукција : 1 јануари 2020 67,5% редукција : 1 јануари 2025 97,5% редукција : 1 јануари 2030 100% редукција : 1 јануари 2040 |
Е | I | Метилбромид | База: Просек од потрошувачката во 1995-1998 Замрзнување : 1 јануари 2005 100% редукција : 1 јануари 2015 |
- UNEP-Секретаријат за заштита на озонската обвивка
- Мултилатерален фонд на Монтреалскиот протокол
- Годишен извештај од обработени податоци за животна средина
Тема | Климатски промени | Поврзаност со други теми/сектори | Индустрија |
Код на индикаторот | MK НИ 006 | Временска покриеност | 1990-2021 |
Име на индикаторот | Потрошувачка на супстанци што го осиромашуваат озонот | Извор на податоци | Министерство за животна средина и просторно планирање/Канцеларија за заштита на озонската обвивка |
Класификација по ДПСИР | П | Датум на последна верзија | 09.09.2022 |
Тип | Г | Подготвено/ажурирано од: | Емилија Ќупева Неделкова |
Фреквенција на публикување | Годишно | Контакт | e-пошта: Cupeva-Nedelkova@moepp.gov.mk |
МК НИ 006Потрошувачка на супстанци што го осиромашуваат озонот | EEA – Европска агенција за животна средина | IND-3/CLIM 049 Production and consumption of ozone-depleting substances |
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа | A3/19-25 Consumption of ozone-depleting substances |
|
Каталог на индикатори за животна средина | 44 – Production and consumption of ozone-depleting substances | |
SDG – Цели за одржлив развој | 13, Climate Action
|
|
GGI – Индикатори за зелен раст | да | |
Кружна економија | не |