(15.12.2015г.) Министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири на 14 и 15 декември престојува во Женева, Швајцарија, каде учествува на 76-тата седница на Комитетот за домување и управување со земјиштето на Економска Комисија на Обединети Нации за Европа (UNECE).
На Конференцијата, високи владини претставници и важни чинители од регионот на УНЕЦЕ, како и набљудувачи од повеќе држави дискутираа за Имплементацијата на женевската Повелба на Обединетите Нации за одржливо домување, за Стратегијата на Комитетот за одржливо домување и управување со земјиште во регионот на ECE 2014-2020, како и за Подготовки за Третата конференција на ОН за стопанисување со станбен и одржлив урбан развој – ХАБИТАТ III, којa ќе се одржи на 17-21 октомври 2016 година во Кито, Еквадор.