(27.10.2015г.) Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, денеска ја посети локацијата каде се одвиваат градежните работи на секундарната фекална канализациона мрежа на улиците 37 и 22 во н.м. Ченто.
Проектот е финансиран преку Програмата за инвестирање во животната средина на Министерството за животна средина и просторно планирање за 2015 г. Согласно договорот, должината на секундарната канализациона мрежа изнесува околу 500 м, а градежните работи се на самиот завршеток на реализација. За овој зафат Министерството финасираше околу 2 милиони денари.