На 07 и 08 септември 2015 година во Женева, Швајцарија, се одржа состанок на Работната група за мониторинг и оцена на животната средина (WGEMA) во организација на Економската комисија за Европа во рамките на Обединетите Нации (UNECE).
Назначувањето на Катерина Николовска, за претседавач на работната група, на претходниот состанок, со мандат од една година, стручност во сферата на анализата на животната средина и известувањето за истата, активно е вклучена во работата на Бирото на оваа Група и во тоа својство, ги води потребните активности за развој на Пан-европскиот SEIS, за Република Македонија.
- Главна тема за дискусија на состанокот беше информирање на работнта група за прогресот постигнат во однос на развојот на заеднички информативен систем за животна средина (SEIS) во паневропскиот регион заснован на усвоените цели и индикатори за ефикасноста на активностите од страна на Комитетот на Економската комисија за Европа на ОН.
- Претставен беше првиот нацрт од извештајот за проценка на напредокот на земјите во имплементација на SEIS, кој ќе биде претставен на претстојната конференција во Батуми и договорени се следните активности на групата до наредниот состанок.