(23.08.2015) Денес, министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири заедно со градоначалникот на Tетово, Теута Арифи и министерот за надворешни работи на Република Албанија, Дитмир Бушати, ги посетија локалитетите на селата Шипковица и Голема Речица каде министерот Бушати одблизу се запозна со состојбата на населените места погодени од поплавите, изразувајќи им благодарност на жителите за топлото гостопримството.
При посетата, се зборуваше за тековните активности и за справувањето со последиците предизвикани од врнежите и поплавите во Тетово и регионот на Тетово.