(18-19.06.2015) Во периодот од 18 до 19 Јуни 2015 година во Копенхаген, Данска, се одржа ЕИОНЕТ работилница за слатки води во организација на Европската агенција за животна средина (ЕЕА)/Европски тематски центар за слатки, крајбрежни и морски води.
Оваа работилница е континуиран процес на обновување на протокот на податоци за WISE- SoE – Reporting и имаше за цел информирање на учесниците од Земјите членки и земјите соработнички за новите промени и рокот за известување до ЕЕА. На состанокот од Македонски информативен центар за животна средина учествуваше Аземине Шакири како национален референтен центар за квантите на води и емисии во води.
На сотанокот се дискутираше за следниве теми:
- Преглед на параметрите за состојбата на животната средина
- Контрола на квалитетот на податоците
- Подготовката за новиот циклус на известување за 2015 година