(07.05.2015г) Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири и градоначалникот на о. Врапчиште, Бајрам Кадрија денеска го промовираа почетокот на изградбата на II-тафаза на проектот „Изградба на фекална канализација на главна улица бр. 101 во н. м. Добридол, општина Врапчиште“.
Проектот е финансиран со средства на општината и на Министерството за животна средина и просторно планирање. Вкупната финансиска конструкција изнесува 4.600.000 денари,при што Министерството за животна средина и просторно планирање учествува во реализацијата со 3.000.000 денари, а остатокот ги обезбедува општина Врапчиште.
Со реализацијата на проектот ќе се надминат проблемите со одведување на фекалните води во н. м. Добридол.