Подводно чистење на езерото Матка

??????????(22.03.2015г.) ТЕМЕЛКОВСКИ: Ако не се гледа, не значи дека не е таму

Да се извади отпадот фрлен од несовесните граѓани од под површината на речните води и да се покаже дека ако не се гледа не значи дека и не постои беше идејата на денешната акција за подводно чистење на езерото Матка од спелеонуркачкиот клуб „Врело“ посветена на 22 Март-Светскиот ден на водите.

На настанот присуствуваше заменик министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски кој што укажа:

– Сведоци сме дека се’ поголеми водни површини стануваат отворени простори за депонирање и неконтролирано испуштање на отпаден материјал којшто човештвото го создава, а со кој проблем систематски никој не се занимава, од причина што е длабоко под водната површина и никој не го гледа, што не значи дека не е таму.

Прашувајќи се дали живееме во илузија дека отпадот ќе исчезне сам од себе заменик министерот Темелковски истакна дека истражувањата покажуваат дека илјадници тони смет, шут и индустриски и комунален отпад лежат на дното на нашите водни површини: езерата, реките и другите водни тела со што сериозно се нарушуваат водните екосистеми.

Од таа причина Министерството за животна средина и просторно планирање посебно ги поздравува и ги поддржува акциите на Спелеонуркачкиот клуб „Врело“, кој е дел од Светската организација за заштита, зачувување и чистење на сите водни површини – океаните, морињата, езерата, и реките – Global Underwater Awareness Association (GUWAA). Нуркачите кои досега спроведоа повеќе вакви акции на разни локации во дражавава се единствени сведоци на подводното загадување, а воедно се и истражувачи, набљудувачи, информатори, но и директни актери во оздравувањето на нарушените водни екосистеми.

Денес од Матка е изваден секаков отпад претежно од пластика, гуми и делови од возила.