МК – НИ 040

НАВОДНУВАНО ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ strelki d
Дефиниција

Индикаторот го покажува трендот на наводнувана површина во даден временски интервал за целата површина на Република Северна Македонија, како и вкупното количество на потрошена вода за целата територија и соодносот на наводнета површина во однос на вкупната обработлива површина.

Единици
  • Површина на наводнето земјиште (изразена во хектари), количество на вода користена за наводнување изразено во метри кубни потрошена вода на годишно ниво, % на наводнувано земјиште од вкупната обработлива површина.
Клучно прашање за креирање на политиката

Дали апстракцијата на водитеза наводнувањевлијае врз одржливоста на водните ресурси?

Клучна порака

Во периодот од 2001 до 2021 година, се бележи нерамномерен тренд на користење на водите за наводнување на земјиштето, што се должи на временските услови во дадената година, како и на организациската преструктуираност на овој сектор. Посебен раст на степенот на користени води за наводнување на земјиштето е забележен во 2012 година.

Податоците не се дел од редовната статистика што се објавува во земјата.

График 1. Користење на водни ресурсиCSI 040 Voda2022 MK_g1

 

 

График 2. Вкупно наводнувана површинаCSI 040 Voda2022 MK_g2

 

График 3. Процент на наводнувана површина во однос на вкупната обработлива површинаCSI 040 Voda2022 MK_g3

 

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Државен завод за статистика, http://www.stat.gov.mk

Оценка

На слика 2 прикажана вкупната наводнувана површина за периодот од 2001 до 2021 година, при што се бележи нерамномерен тренд на користење на водите за наводнување. Периодот од 2007 -2014 година е период во кој најголеми се површините на наводнувано земјиште, по што следи следи период на постојано намалување со исклучок на 2017 година.Сликата 3 го прикажува процентот на нaводнувана површина во однос на вкупната обработлива површина во Република Северна Македонија, од каде се гледа дека процентот е многу мал и за целиот временски интервал е под 5%, освен во периодот од 2007 до 2014 година. Најголем процент за наводнувана површина во однос на обработлива е во 2012 година и изнесува 6,2 %.

Малата површина на земјоделско земјиште кое е наводнувано допринесува да индексот на експлоатација на вода е под 20% а со тоа и оптеретувањето на водните ресурси да е релативно ниско.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Податоците се обезбедуваат и обработуваат по години.

Цели

Согласно SDG – 6.5.1 Степен на имплементација на интегрирано управување на ресурсите со вода

Обврска за известување
  • OECD/EUROSTAT
  • Годишен извештај од обработени податоци за животна средина
Општи мета-податоци
Тема Вода Поврзаност со други теми/сектори Климатски промени, Земјоделство
Код на индикаторот MK НИ 040 Временска покриеност 2001-2021
Име на индикаторот Наводнувано земјоделско земјиште Извор на податоци Државен завод за статистика
Класификација по ДПСИР Д Датум на последна верзија 12.09.2022
Тип А Подготвено/ ажурирано од: Аземине Шакири
Сузана Стојановска
Фреквенција на публикување Годишно Контакт a.shakiri@moepp.gov.mk
suzana.stojanovska@stat.gov.mk
Поврзаност со други индикатори
МК НИ 040 Наводнувано земјоделско земјиште EEA – Европска агенција за животна средина нема еквивалент
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа C3. Total water use
Каталог на индикатори за животна средина нема еквивалент
SDG – Цели за одржлив развој 2. End hunger, achieve food security, and improved nutrition and promote sustainable agriculture
6. Ensure availability and sustainable management of water and sanitation for all
GGI – Индикатори за зелен раст да
Кружна економија не
Последна измена:  петок ноември 18th, 2022